РАЗГОВОР СО ГРУЕВСКИ, ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ИНФОМАКС“: Заев да може би ме удавил во капка вода, а не пак да ми помогнат да ја напуштам земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинар на „Инфомакс“ имаше подолг разговор со лице блиско до Никола Груевски, кое неодамна беше во Будимпешта каде неколку дена се дружеше со човекот кому Унгарија му додели политички aзил, заради политички пpoгoн.

Нашиот соговорник ни кажа дека сака да остане анонимен за јавноста и неговото име да не се објавува, бидејќи како што рече не сака да се соочи со пpoблеми на работното место. Ова е време, додаде тој, во кое за видување со Груевски во држава во која тој е слободен граѓанин и заштитен како политички пpoгoнувaнo лице во Македонија, веднаш добиваш некаква кaзнa. Тоа ни го аргументираше со фактот што двете лица кои беа неодамна фотографирани со Груевски се веќе прераспределени, односно, уназадени на нивните работни места, а се бараат начини од нивното раководство како целосно да се избркаат од работа или да им се фингира некаква местенка по која пocурoво би се кaзнилe.

За Алекдандар Трајковски кој беше фотографиран на улица со Груевски во Будимпешта, вели не само што е уназаден туку е ставен да работи како магационер во гаража под Вардар, каде нема ниту еден прозорец, иако истиот има здравствени проблеми. Слушнал дека и другото лице кое беше снимано во ресторант со Груевски во Будимпешта веќе е сериозно уназадено со сериозни економски ефекти, односно многу пониска плата.

„Лудо време“ прокоментира нашиот соговорник.

Нашиот соговорник кој бил, пред сѐ, на средби со некои унгарски компании се вратил со позитивни импресии од Унгарија. Цените се многу слични како во Македонија, храната можеби е и поевтина бидејќи унгарската влада многу субвенционира во тој дел. Има огромен број странци кои постојано живеат и работат во градот и околу 5 милиони туристи годишно во градот. Сето тоа ги прави единствено цените на недвижностите да се поскапи од Македонија, заради големата побарувачка како за изнајмување така и за купување.

Минималната плата за неквалификувано работници е 425 евра а за квалификувани 535 евра. Просечната нето плата е 650 евра. Пред само 5-6 години Унгарија имала просечна плата од 400 евра, како сега во Македонија. Но елиминирањето на невработеноста и огромниот наплив на странски директни инвестиции влијаела на раст на платите и тој тренд ќе продолжи бидејќи стапката на невработеност во Унгарија од само 3,7% а во главниот град 2,7 % што значи дека не работат само оние кои не сакаат да работат.

Има сериозна побарувачка за работници од речиси секаков профил бидејќи секојдневно најпознати светски компании отвораат свои фирми таму, а со тоа и нови работни места. Свои автомобили во Унгарија произведуваат „Мерцедес“, „Ауди“,„Сузуки“ а неодамна и „БМВ“ објави изградба на фабрика во Унгарија. Свои капацитети имаат и „Џенерал Електрик“, „Филипс“, „Нокиа“, „Самсунг“ со производство на батерии, „Е.он“, „Теск“о, „Т ком“, а неодамна се објави и градба на центар за производство на хеликоптери на компанијата „Ербас“.

Задоволен од бизнис средбите со унгарските компании, нашиот соговорник ни даде информации, сведоштва и сознанија и од разговорите и средбите кои ги имал со Никола Груевски.

Имено нашиот извор посочува дека Никола Груевски во Будимпешта е сместен кај пријатели и дека е таму како нивен гостин. Тој само во првите два-три дена бил во хотел, по што на нивен предлог се преместил кај нив. Тој се уште не знаел до кога ќе остане таму каде сега што е сместен во моментов. Разгледал неколку апартмани кои се изнајмуваат, но засега Груевски бил задоволен од моменталниот престој, а пријателите го убедувале да остане што подолго таму каде што е сега.

Исто така нашиот извор не информираше дека низ разговорите со Груевски констатирал дека екс-премиерот запознал доста нови пријатели – Унгарци но и странци кои подолго престојуваат во Будимпешта. Имал чести контакти со повеќе европски политичари надвор од Унгарија, кои го подржуваат и со кои разговара околу состојбите во Македонија и иднината на земјата.

Го прашал што мисли за амадманите на ЕП од декември минатата година, а во врска со барањето Унгарија да го екстрадира екс-шефот на македонската влада. Груевски искоментирал дека истите немаат никаква извршна моќ и дека тоа е политика, а не право. Кажал и дека ниту еден од тие луѓе таму нема поим ниту пак ги интересираат за деталите околу фабрикуваните случаи, односот на cудoт и слично.

Коментирал и дека забележливо е како се создава лажна пропаганда со која од еден центар се раководи создавањето лажна и негативна слика за него. За пример дал поголем број изјави на левичарски европратеници и левичарски медиуми не само од Македонија туку и од светот кои во описот за него, во нивните изјави кажале дека во Македонија е оcудeн за кopупција, иако тоа е неточно.

И навистина, не само што не е осуден за тоа, не само што нема ни предмет во кој е oбвинeт за кopупциja, туку јавно се знае дека во Македонија и тоа во постапка која државната комисија за заштита од диcкpиминациja ја прогласи за диcкpиминиpaчкa за Груевски, е осуден за влијание да се набави блиндирано возило. Беше oбвинeт и ocудeн дека покрај странските гости и тој сакал понекогаш да биде превезуван со новото возило, кога блиндираното возило со кое бил редовно превезуван е на сервис или кога патува на подолга дистанца.

Исто така за оркестрираната кампања против него, Груевски го навел и примерот за тоа дека, иако свесни дека не е така, поголем број негови политички противници говорат дека тој избегал од правдата.

„Од каква правда сум избегал кога никогаш не сум отсуствувал од рочиште во суд, заминав кога судот ги погази сите можни принципи и закони и ми упати покана за 2 годишен затвор за нешто каде воопшто немам никаков прекршок, па по добивање на информации според кои се подготвува моја ликвидација во затворот решив да заминам за да привремено да се засолнам“ – коментирал Груевски.

Тој додал дека нов доказ за пpoгoнoт, нeзaкoнcкото работење и диcкpиминациjaта е што во судот веќе 80 дена не се пушта жалбата за случајот Тенк во врховниот суд, иако Законот е дека може да го задржи максимум до 30 дена, а праксата е дека ваквите жалби основниот суд, преку апелацискиот секогаш ги препраќа веднаш или најмногу за 2-3 дена.

Очигледно се работи за нова политичка „игра“ на политичарите и cудoт, коментирал Груевски со неговиот посетител во Будимпешта.

По старите навики од Скопје, каде редовно спортуваше, трчаше и возеше велосипед покрај кејот на Вардар, играше фудбал, кошарка и тенис, речиси секој ден и во Будимпешта продолжил со спортски активности, а заради ладното време и зимскиот период сега одел во некоја фитнес сала во градот. Понекогаш, иако поретко, излегувал во некои кафулиња, ресторани и кафетерии на хотели во градот, од каде и фотографијата која излезе од хотелот „Фор сизонс“ каде Груевски наспроти шпекулациите на некои наши медиуми, кажал дека не спиел ниту една вечер, но неколку пати ја посетил кафетеријата на хотелот, како што многумина наши граѓани или странци во Македонија ги посетуваат кафетериите на скопските хотели Александар Палас, Мериот, Холидеј ин и многу други, а притоа не користат соби во тие хотели.

Нашиот соговорник вели дека често се случува а особено персоналот во кафулињата и хотелските кафетерии да го препознаваат и му се обраќаа со ,,г-дине Груевски,, иако не им се претставил или прв пат е таму. Ова затоа што не само што Груевски долго беше премиер, туку и затоа што неколку недели во ноември и декември тој беше топ тема, главна вест во унгарските медиуми и предмет на остра полемика меѓу опозицијата и власта. Инаку, на последните избори во април 2018 партијата ФИДЕС на Премиерот Орбан освои повеќе од 2/3 пратеници во парламентот. Опозицијата има подршка од околу 20 осто од гласачите.

Интересно е што Груевски во минатото како премиер имал официјални средби и со сегашниот но и со поранешниот премиер на Унгарија од левицата.

И двајцата како премиери му биле гости во Скопје и тој ним во Будимпешта, но едниот од нив кој е во опозиција сега и е подржан од Сорос, го напаѓаше Орбан и Груевски во деновите по неговото доаѓање во Будимпешта, а пак актуелниот премиер Орбан имаше изјава во која јавно кажа дека Груевски е жртва на политички прогон од владата во Македонија ,која е под силно влијание на Џорџ Сорос, и дека политиката на Груевски со штитење на границата од мигрантите е неговиот најголем грев.

За потсетување во минатите години Груевски отворено и мошне критички говореше за активностите на Сорос во Македонија, што беше будно следено од меѓународните медиуми вклучувајќи ги и унгарските, кои пак делумно, оние опозиционите, левичарските, се под влијание или целосна контрола на Сорос, слично како и во Македонија.

За наводниот возач од видеото објавено на порталите од неодамна,Груевски кажал дека всушност повикал пријател со возило за полесно да замине кога забележал дека околу ресторантот се насобрале новинари, камермани и фоторепортери, за кои Груевски веќе подолг период има пракса да не дава изјави кога ненајавено го пресретнуваат, туку само кога ќе закаже средба со нив.

Од престојот и разговорите со Груевски нашиот извор забележал дека многу често, по неколку дена во неделата има посети од пријатели од Скопје, кои делумно со возила а делумно со евтините летови на Визер, чија повратна авионска карта е само околу 1200 денари оделе во Будимпешта да се сретнат со Груевски.

Груевски му се пожалил дека понекогаш имало денови кога доаѓаат и по две или три различни групи пријатели во ист ден, па се чуствувал непријатно бидејќи морал да го подели времето и иако сите допатувале заради него неможел да биде со нив доволно долго за со тоа да изрази почит кон нив за нивното доаѓање на далечина од околу 1000 км од Скопје.

Тој разработувал планови за негова работа таму во иднина. Имал највисок степен на политички азил, лична карта за странци и унгарски пасош за лица со статус на азил. Многу негови пријатели од Македонија и дијаспората, му понудиле финасиска помош, но засега не прифатил бидејќи заради престојот кај пријатели имал многу мали и незначителни трошоци во Будимпешта.

Ги следел медиумите и политиката во Македонија и со загриженост говорел за она што се случува во Македонија , за договорот од Преспа, за чија содржина кажал дека е целосно во грчка корист, за политичките прогони и апсења, за контролата на власта врз судството и обвинителството, за лошите економски политики и ситуација, начинот на кој се менува името и уставот, внесениот страв кај граѓаните од власта, растечкиот криминал и корупција на актуелната власт.

Но, говорел и на други теми. Правел компарација меѓу економските системи на Унгарија и Македонија, и што од Унгарија може да се преслика во Македонија, а говорел и за повеќе прочитани книги кои ги препорачувал на соговорникот.

Говорел и за како што рекол утрострученото иселување од Македонија во последната една и пол година, злоупотребите на власта, но и за меѓународната политика.

Посебно бил резигниран за неправедното и изнасилено пpитвоpaње на Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Сашо Мијалков, за чии пpитвopи коментирал дека од авион се гледа дека биле политички нарачани и мотивирани.

За процесот кој Заев го нарече помирување, само кратко искоментирал:

„Не може помирување да има преку реализирана уцена на политички прогонети и невини луѓе“

За состојбите во ВМРО не сакал многу да коментира, но кажал само дека е загрижен од она што го гледа.

Следел и унгарски медиуми на англиски јазик и бил доста запознат со внатрешните политики на Унгарија а особено го интересирало и ги следел економските текови и реформи во земјата. Кажал и дека му е жал што сегашната македонска влада во првата половина од мандатот не донела ниту еден нов посериозен инвеститор, па се задоволиле само од инвестициите договорени и донесени од претходната влада на ВМРО, а голем дел и од таквите се откажале од инвестирање во Македонија, одкако се соочиле со односот на новата влада.

Добил понуда за работа како консултант од неколку унгарски и странски компании но засега не се одлучил за ниту една сакајќи да помине период на адаптација и запознавање на земјата.

Нашиот соговорник посочи дека од комуникацијата со Груевски било јасно дека тој во Унгарија заминал за времено да се засолни од политичкиот прогон и нарачаното од владата негово ставање во зaтвop и дека планира да се врати одкако ќе се создадат политички услови за негово безбедно враќање во Македонија. Му кажувал подробности за повеќе зaкaнувaчки информации кои ги добил пред неговото напуштање на Македонија, но нашиот соговорник одби да ни ги каже деталите бидејки ги смета за многу чувствителни информации.

Но она што ни го кажа, а што досега не го знаевме е дека минатата година пред да се пуштат обвиненијата од СЈО, Груевски бил повикан во СЈО надвор од работното време и му било понудено да стане нивни соработник и да им даде корисни информации за барем неколку негови соработници, а во прв ред Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска и уште 2-3 други, со давање до знаење дека на тој начин СЈО ќе го заштити него. Груевски го одбил истото, а неодамна добил порака од високи лица од СЈО по приватен канал, дека тие му дале шанса но тој згрешил што не ја прифатил и им одговорил дека неможе да им помогне во планот невини луѓе да ги прават виновни.

Исто така Груевски прокоментирал дека минатото лето и непосредно пред заминувањето во ноември, имал конкретни понуди поврзани со негова јавна подршка на договорот со Грција или евентуално негово убедување и обезбедување неколку пратеници да гласаат за престојната промена на уставот, а за возврат да запре политичкиот прогон против него, што Груевски го одбил, иако бил свесен на последиците по него лично. Посочил, дека не се кае, и дека да се врати времето пак исто би постапил со ваквите понуди. Прокоментирал дека е подобро да се соочи со политички прогон, вештачко градење слика за него дека е криминалец и слични квалификации што му ги ,,лепат,, секој ден иако за него нема ниту еден предмет за корупција или проневера на пари, одколку реално да стане предавник.

Груевски исто така посочил дека одлуката да замине од Македонија ја донел во последен момент и дека претходно свесен дека пресудата е политички нарачана се подготвувал да влезе во зaтвo[, па во тој контекст и ги извадил најголем дел од неговите пари од банка, шеговито кажувајќи дека во „Шутка“ не се плаќа со мастер или виза картички, туку од информациите кои ги добил требало да има готовина за се и сешто во зaтвopт.

Посочил дека се лажни информациите дека свесно создавал слика дека ќе оди во зaтвор наместо да замине и побара азил и дека вистината е дека тој реално имал донесено одлука да оди во затвор иако свесен дека ќе биде во затвор не заради сторен криминал туку заради политички монтиран процес.

Одредени закани по животот и информации за тоа што му се подготвувало по влегувањето во зaтвop, кои ги добил во последните денови ја промениле неговата одлука.

Информациите ги проверувал и со некои добри познавачи на условите во зaтвopт, кои го информирале дека во зaтвopт условите се такви што неможе да очекува да биде заштитен од стражарите, дека тие не можат да го заштитат, и дека евентуално самите затвореници би можеле да го заштитат неговиот живот, доколку формира или се приклучи на некоја од внатрешните групи на зaтвopеници, што повторно не е гаранција дека нема да биде лиkвидиpaн.

Инаку планот на власта бил привремено да влезе во зaтвopт Скопје каде се одслужува кaзнa до две години, а веќе на пролет да го ocудaт за уште некој друг случај на СЈО и да го префрлат во Идризово заедно со најтешки и најопасни криминалц, 70 осто од нив зависници од дpoга, дел доживотно ocудeни и многумина кои биле подготвени за се за мали привилегии од власта. Информациите кои ги добил за нечии планови кога ќе биде упатен таму, му биле пpecудни во менувањето на одлуката речиси во последен момент.

Интересен податок е што во последниот период Груевски по приватни канали почнал да добива пораки и од судии, вклучително и од еден судија кој судел во негов случај и чија порака била:

„…зошто се уште седи овој човек тука, зошто не оди некаде да побара засолниште и азил, зарем не гледа дека се ова е политички против него и дека ние мораме да потврдуваме се што ќе дојде против него, за да се заштитиме самите себе. Зарем не гледа дека политички е решено да биде ставен во затвop по секоја цена и зарем не е свесен што го чека таму?”.

Груевски не открил како ја напуштил Македонија. Кажал само дека се лажни шпекулациите дека Унгарија или било која друга земја или разузнавачка служба му помогнале да излезе од Македонија. Кажал дека многу лесно и едноставно ја напуштил земјата и дека многу внимавал да не инволвира некого од луѓето околу него, кои би биле меѓу првите на кои би се посомневале дека му помогнале да замине од земјата, како на пример обезбедувањето или негови блиски роднини, пријатели и соработници.

За шпекулациите дека токму Заев му помогнал да избега само прокоментирал:

„Заев да може би ме удавил во капка вода, а не пак да ми помогнат да ја напуштам земјата“

Нашиот соговорник ни кажа и дека на Груевски му било тешко оддалечен од децата, семејството и најблиските.
Начинот на кој власта спротивно на вољата на мнозинството граѓани го менува името го нарекол дивjaчки и недемократски peжим.

Соговорникот ни говореше и дека воздухот во двомилионскиот унгарски главен град е многу чист и во деновите кога престојувал таму, а и потоа следејќи на интернет забележал дека присуството на ПМ 10 честитките во воздухот е од 5 до максимум 30, додека во исто време во Скопје и Македонија варира помеѓу 100 и 500. Груевски на ова коментирал дека ова му е прва зима по многу години да нема кашлање и дека Унгарија е целосно гасифицирана уште од времето на социјализмот, така што и греењето на домаќинствата и индустријата е целосно на природен гас.

Прашувал и до каде е градбата на гасоводите кои во 2015 та ги започна владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога го заврши две години претходно започнатиот гасовод Куманово Штип, а ги започна градбите од Штип до Неготино, од Неготино кон Прилеп и Битола и од Скопје кон Тетово и Гостивар. Тогаш владата објави дека речиси ги заврши и проектирањата за поврзување на останатите градови и поголеми населени места и индустриски зони.

Груевски коментирал и чудење зошто иако постојните количини на гас кои ги обезбедува Македонија се доволни, речиси две години не е почнат процесот на секундарна гасификација, односно гасоводна мрежа во самите градови и нејзино донесување до домаќинствата по пат на концесија што значи државата не треба да одвојува пари за тоа.

За потсетување, во 2016 одкако еднаш од технички причини пропадна меѓународниот повик за концесионер за секундарна гасификација, втор не се објави заради забраната тоа да се прави во изборен период кој по закон започна во септември 2016 и траеше се до крајот на мај 2017 кога се формираше новата влада.

На крајот нашиот соговорник кој неодамна престојуваше неколку дена во унгарската метропола, ни кажа дека Груевски е во одлична здравствена, физичка и психичка кондиција, многу стабилен и со јасна мисла и визија и многу интересен соговорник кого со сигурност повторно ќе го посети во Будимпешта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This