РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Е РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО ИСПОЛНЕТ: Остана само уште прашањето за јазикот да се доисполни!

  • January 11, 2017

Континуирано ги зборуваме истите прашања. Секогаш викаме дека рамковниот договор е решението за Република Македонија. Тоа е мировен договор подржан од меѓународната заедница, од нашите партнери и не гледаме друго решение освен рамковниот договор, рече Бујар Османи во „Аргументи“.

osmani-640x316

Османи смета дека прашањето за јазик не е затворено:

– Едно прашање коешто не е затворено е прашањето на јазикот. Тоа прашање беше сукцесивно решавано парче по парче поради политичкиот контекст, поради бројките во Собранието, поради отсуство на желба кај македонските политички партии. Сепак, за да не дозволиме целосно да не се имплементира тој дел, тој пакет од рамковниот договор сукцесивно се решаваше прашање по прашање, последното во 2011-та година со измените на законот во коишто се дозволи поширока употреба на албанскиот јазик. Никогаш нема да најдете реченица на ДУИ дека тоа прашање е затворено, смета Османи.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи гостува во „Аргументи“ со Љубиша Николовски на ТВ Нова.

Претходно «
Следно »