РАМУШ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Заев во среда ќе го пречека Рамуш Харадинај во Скопје

  • April 16, 2018

На 18 април (среда) косовскиот премиер Рамуш Харадинај ќе ја одржи својата прва посета на Македонија. Харадинај ќе биде пречекан од македонскиот премиер, Зоран Заев и други високи државни функционери, објави Алсат-М телевизија.

Харадинај и Заев ќе разговараат за меѓусоседските односи при што ќе биде одреден и датумот на заедничката владина средба меѓу Македонија и Косово..

Истиот ден, во посета на Скопје ќе биде високата претставничка на ЕУ, Фредерика Могерини.

Претходно «
Следно »