August 11, 2020, 11:47 am

Ранг-листите со запишани ученици во средно ќе бидат објавени денеска по 15 часот Ранг-листите со запишани ученици во средно ќе бидат објавени денеска по 15 часот | opserver.mk

Поврзано

Jас сум наставник, но пред сè сум мајка и не сакам да се коцkaм со живoтите на члeновите на моето семејство

Отворањето на училиштата и градинките во услови на пандемија предизвика многу спротиставени мислења, и на родителите и на наставниците,...

Неизвесен 1.септември: Ќе седнат ли децата во училишните клупи?

Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот...

Избран ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според...
- Advertisement -

Ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната 2020/2021 година училиштата ќе ги објават денеска по 15 часот. Пријавувањето беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, а во некои училишта пријавување има и денеска од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, организираа пријавување само во вторникот и средата (16 и 17 јуни).

За прием на ученици во прва година средно образование треба да бидат исполнети условите наведени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби. Уписот беше организиран и спроведен согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести. Според протоколот, документите се поднесуваа по азбучен ред на презимето, според распоредите кои училиштата ги објавија во петокот и по интерено одреден временски период.

Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во Конкурсот ќе организираат квалификациско тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот. Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. За учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили), пак, ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште. Како што вчера соопшти МОН, конечните ранг-листи со резултатите од квалификациското тестирање ќе бидат објавени истиот ден, 22 јуни 2020. Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни.

Latest News

Bkyпнo 22 лицa во Cкoпje o6винeти за нeпoчитyвaњe на здpaвcтвeнитe пpoпиcи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според...

Мигpaнтите повторно тргнaa накaj Европа, Македонија на патот

Последните информации за бројот на откриени мигранти и за инциденти во земјите од Балканот, укажуваат на зголемување на мигрантскиот прилив низ т.н. балканската рута...

Се вжeштyвa ситуацијата во Средоземното море помеѓу Грција и Турција

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што тврди Грција, грчкиот континентален гребен,...

На три недели пред почеток на учебната година уште не се знае cyдбината на учениците

Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со...

Жена пpeгaзeнa од чeтиpицикл во Гостивар

На 10.08.2020 во 21.00 часот на ул. „Илинденска“ во Гостивар, четирицикл „линај“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М.(34) од Гостивар удрил во пешак...

More Articles Like This