РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНИ ЛЕТОВИ НА АВИОНИТЕ НА САД ВО СИРИЈА: Русија ќе го штити Сириското небо од авиони на САД!

  • April 10, 2017

Меморандумот за соработка во врска со воздушната безбедност на воените авиони кои летаат врз Сирија е суспендиран, со цел да и дозволи на официјална Москва соодветно да реагира на безбедносните закани и агресијата на Вашингтон врз сувереноста на Сирија, изјавил заменик шефот на комитетот за одбрана на Долниот дом на парламентот Јуриј Швиткин
tomahavk

Според Руското МНР, Москва одлучи да го суспендира меморандумот, по бомбардирањето на воздухопловната база во Сирија од страна на САД во провинцијата Хомс.
„Оваа одлука е целосно логична…Суспендирањето на меморандумот ќе ни дозволи да реагираме навремено на разни закани, вклучително и оние по нашите авио-бази и трупи кои се наоѓаат таму“, додава Швиткин.

Според законодавецот, Русија не можела да постапи никаку поинаку при бомбардирањето изведено од САД поради овој меморандум.

Сириската воздухопловна база беше погодена со 59 крстаречки ракети „Томахавк“ лансирани од разурнувачките бродови УСС Портер и УСС Росс од Средоземното море.

Претходно «
Следно »