РАСКОЛ ВО ЛЕВИЦА Савески вели Апасиев направи пуч, Апасиев вели: Спречен пуч во партијата!

Поврзано

ЃОРЃИЕВСКИ: На Заев не му одговара да има реформи во судството бидејќи нема да може да врши рекет и да договара тендери во четири...

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа...

ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ: СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки во Македонија

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа зборуваше за тоа...

ПОЛИТИКИТЕ НА ВЛАСТА НЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ: Мора комплетно да се смени стратегијата за справување со коронавирусот

Комплетно треба да се смени стратегијата бидејќи видовме дека политиките што се спроведуваат не даваат резултат, рече доктор Игор...

Раскол во Левица. Синоќа партијата објави дека во нивните редови е спречен пуч.

Во раните утрински часови, пак, Здравко Савески со свое соопштение и различно гледиште на пучот.

Пуч во Левица од страна на Димитар Апасиев!

Објава од Президиумот на Левица:

Упатуваме јавен демант за лажната вест која се прошири по медиумите дека во политичката партија Левица имало обид за пуч. За волја на вистината, мала група предводена од Димитар Апасиев спротивно на Статутот и законските одредби на антидемократски начин се обидоа да ја превземат контролата во партијата именувајќи се самите себе за Президиум и Централен комитет без знаење на две третини од членовите на Централниот комитет и апсолутното мнозинство на Президиумот, како и поширокиот број на членови.

Сакаме да потенцираме дека Левица не е само Димитар Апасиев и дека оваа партија ја создадовме за коренито реобликување на стварноста, а не да робува на неговиот политички опортунизам.
Да не дозволиме единствената искра за суштинска промена на општеството да згасне под притисокот на гробарите на овој народ, а тоа се СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ.

Президиум на Левица

Савески и утрово има ново соопштение, во кое за пучот го обвинува Димирар Апасиев.

Откако органите на Левица му застанаа на патот на неговото самоволие, Димитар Апасиев изврши пуч во Левица. Како Левица да е негова сопственост, разреши половина состав на Централниот комитет и повеќе од половина состав од неговиот Президиум. Фактички, секој што му застана на патот на неговото самоволие го разреши. А се претставува како голем приврзаник на владеењето на правото.

Да, кога му одговара се повикува. Кога правните норми се во спротивност со неговото самоволие – ги крши.

Димитар Апасиев веќе подолго време е во контакт со ВМРО-ДПМНЕ и со неговото раководство. Оствари и средби со Христијан Мицковски. И очигледно работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Пред две години беше извршен обид за преземање на Левица од инсталации на СДСМ. Тој обид заврши со неуспех. Сега се прави обид за пуч во дослух со ВМРО-ДПМНЕ, извршен со веројатна цел Левица да ѝ даде легитимитет на наводно независната кандидатура за претседател на државата на Гордана Силјановска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Жално е да се гледа како и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ роварат со цел да оневозможат постоење на партии кои нема да бидат нивни сателити. Жално е да се гледа и тоа како луѓе, поради личен интерес, се продаваат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин ја валкаат идејата за алтернатива на нивното клиентелистичко владеење.

Актуелно

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој...

ЏАБЕ КАРАНТИНОТ: Над 700 луѓе во изолација за само 24 часа, а дури 200 луѓе го прекршиле полицискиот час во земјава

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале...

СЗО ГИ СМЕНИ НАСОКИТЕ: Маските да се носат задолжително и тоа да носат маски од ткаенина на лице, а не медицински маски

Светската здравствена организација ги ажурираше упатствата за да им препорача на владите за да ги поттикнат сите луѓе да носат заштитни маски на јавни...

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово 26 - Дебар 1 - Штип 15 -...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

Повеќе вести