Расте цената на пченицата, можно е поскапување на лебот

  • September 25, 2017

Цената на житото оди нагоре. Причината е слабиот род како во Македонија, така и во светски рамки, пишува Алсат-М.

Засега лебот не поскапува бидејќи пекарската индустрија ги користи старите залихи жито кое е купено по поевтина цена. Но, од Групацијата на мелничари при Стопанската комора на Македонија, велат дека ако дојде момент лебот да се прави со увезена пченица можно е и зголемување на цената на лебот.

-Македонија е пазарно стопанство и ние функционираме пазарно автоматски зголемување на цена на пченицата значи и зголемување на цената на брашното, а реално можно и цената на лебот да се зголеми. Но, во некое догледно време. До сега има некое зголемување на цената на пченицата за 12 – отсто споредено со лани, но ценатана лебот се држи иста и тоа е заради залихити кои ги има кај трговците и произведувачите,  изјави Горан Милишиќ – претседател на мелничко – пекарска групација

Од Министерствот за земјодеслтво пак смируваат. Велат дека цената нема да се зголеми.

-Според досегашните анализи не се очекува дестабилизација на пазарот на пченица, ниту поскапување на пекарските производи. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ја следи состојбата на терен и нема да дозволи загрозување на домашното производство на пченица“, соопштуваат од Министерство за земјоделство

Сепак, податоците го велат следново. Годинава родот во државава на житото е за 38 отсто помал во споредба со лани. Од домашно производство ќе се обезбедат 196.000 тони пченица, додека годишните потреби на Македонија се околу 300.000 тони. Недостатокот од околу 104.000 тони се очекува да се обезбедат преку увозот на пченица и брашно. Поради ваквите лоши беројки, Милишиќ вели дека е потребен петогодишен план за зголемување на количините и квалитетот на домашната пченица, која е стратешка култура и затоа мора најголем дел од потребите да ги обезбедуваме од домашно производство.

-Субвенционирањето да биде преку предаден килограм, во преработувачки или лиценциран откупувач. На тој начин ќе се принудат сите земјоделци да ја предаваат пченицата само кај овие откупувачи, што од друга страна ќе се овозможи класифицирање на пченицата по квалитет. А и субвенциите да бидат според квалитетот на пченицата, вели Милишиќ

На овој начин вели Милишиќ, освен што ќе се натераат земјоделците да произведуваат квалитено лебно зрно, ќе се мотивираат да ги зголемуваат површините засеани со пченица. Заради ниската откупна цена од 11 денари по килограм, голем дел од земјоделците престанаа да садат жито, пишува Алсат-М.

Претходно «
Следно »