October 24, 2021, 5:55 am

Расkол меѓу големите cили: Франција си ги повлeче амбасадорите од САД и Австралија откако доби нoж во гpб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција ги отповика своите амбасадори од САД и од Австралија, гневна поради новиот безбедносен пакт, кој го опиша како „нож во грб“.

Париз ги повика своите амбасадори од Вашингтон и Канбера на консултации, наведувајќи го како „неприфатливо однесување“ на САД, Обединетото Кралство и Австралија во постигнувањето договор за нуклеарни подморници што го попречи францускиот договор за бродоградба.

„По барање на претседателот на Републиката (Емануел Макрон), решив веднаш да ги повикам на консултации во Париз нашите двајца амбасадори во Соединетите Држави и во Австралија“, рече во петокот францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Ле Дриан рече дека одлуката е оправдана поради исклучителната сериозност на објавата на Австралија и на САД на 15 септември.

Напуштањето на подморничкиот проект што го договорија Канбера и Париз во 2016 година претставува неприфатливо однесување меѓу сојузниците и партнерите, чии последици влијаат врз самата концепција што ја имаме за нашите сојузи, нашите партнерства и важноста на Индо-Пацификот за Европа, изјави францускиот министер за надворешни работи.

Американскиот претседател Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и неговиот британски колега Борис Џoнсон ја објавија иницијативата „АУКУС“ на виртуелен настан во средата попладне. Во центарот на овој нов сојуз на „поморски демократии“ е 18-месечниот проект за снабдување на Канбера со подморници со нуклеарен погон, но конвенционално вооружени. Со тоа Австралија ќе стане само седмата земја во светот што управува со вакви бродови – и единствена без сопствен нуклеарен арсенал.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This