РАУФИ ЗА СЛУЧАЈОТ МОHCТРУМ:Прашање е дали момчињата се убиeHи кај езерото

  • May 14, 2019
  • Коментари

На денешното судско рочиште за случајот „Монcтpум“се испитуваа двајца сведоци, кои беа сослушувани и во претходната постапка. Првиот сведок рече дека на денот на петкратното убиcтво, на 12 април 2012 година, работел на нива блиску до Смилковското езеро. Рече дека садел лубеници до 20 часот, но дотогаш не видел ништо сомнително. На прашањето на судијата Огнен Ставрев – дали тој ден имало некои момчиња кои дошле на риболов, тој одговори дека не видел ништо такво.

-Иако понекогаш доаѓаат, тој ден немаше млади дојдени на риболов-рече сведокот.

Адвокатот Насер Рауфи, рече дека овој исказ го става под знак прашалник фактот – дали момчињата всушност биле уб иени таму.

-Според мене, оваа изјава го става под знак прашалник и тоа дали момчињата се уб иени таму. Сведокот рече дека бил на местото на настанот неколку минути пред убиcтвото, нешто што е уште поинтересно-вели Рауфи.

Претходно «
Следно »