РЕАКЦИЈА НА РУСКАТА АМБАСДА: Додека некој бара политика во праските, другите бараат решенија – НАТО и праските…

  • August 18, 2018

Амбасадата на Руската Федерација во Македонија реагираше на изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши кој пред два дена упати закана до Руската Федерација дека повеќе немало да извезуваме кон еден од најголемите пазари во светот, а министерството ќе најдело алтернативни решенија за производството на овоштарите и останатите земјоделци

 

Од решенија, секако, нема ништо. Овошките скапаа на нивите, поголем дел се истурени на буништата и по патиштата на протестите организирани од земјоделците. Бектеши, се обиде ситуацијата со руската блокада за увоз на праски од Македонија поради неисправна фитосанитарна состојба, да ја искористи да го промовира НАТО.

Секако, Бектеши цел месец не смееше буквално збор да изусти кога Косово во потполност го блокираше увозот на земјоделски производи од Македонија. Тогаш, молчеа.

Од Амбасадата на Руската Федерација реагираа на официјалниот Твитер профил на амбасадата, со коментар „НАТО и праските… Додека едни бараат политика таму каде што ја нема, други бараат решенија“

Претходно «
Следно »