РЕАКЦИЈА ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ: Министер без ресор во владата пробува да му наредува на претседателот на државата

Поврзано

ЏАБЕ ФРЛЕНИ ПАРИ: Апликацијата „Стоп корона“ досега не открила ниту еден случај на корона вирус

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за...

ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ: Македонското младинско таеквондо во светскиот врв

Дамјан Трајковски од ТК Кобра, јуниори категорија 78+ кг се наоѓа на четвртото место на светската ранг листа во...

Ја информираме јавноста дека во Република Македонија постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции, а претседателот Иванов досега ги почитувал и во целост ги исполнувал пропишаните законски регулативи, се вели во реакцијата од Кабинетот на претседателот Ѓорѓи Иванов, на обвинувањата на СДСМ за нетранспарентно трошење пари.

– Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и понатаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија. Кабинетот нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“. За нас е нејасно на кој начин може г. Роберт Поповски, министер без ресор, да наложува и бара од институцијата Кабинет на Претседател на Република Македонија да прифати вакви мерки, за кои веќе постојат механизми во Република Македонија, освен ако не се работи за популизам, што за Кабинетот на Претседателот е неприфатливо. Сметаме дека сè што треба да се направи е да се почитуваат и спроведуваат постоечките прописи, се вели во реакцијата.

Во контекст на тоа, од Кабинетот го посочуваат и извештајот на Центарот за економски анализи http://cea.org.mk/wp-content/uploads/2018/06/CEA-3-6-9-i-Blueprint-Monitoring-public-finances-za-9-meseci-FINAL.pdf каде се посочува дека “софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајнаопределба како ефикасна алатка кон поголемаотчетност од именуваните и избраните функционери“.

Од друга страна, се вели натаму во реакцијата, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.

– Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор, изјави претседателот Иванов на 13 јуни 2018 година во обраќање до нацијата.

Претходно СДСМ го обвини шефот на државата за нетранспарентно трошење на буџетот:

„Иванов треба пред граѓаните да одговори за што ги троши нивните пари. Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните? Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери. Одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари е уште еден доказ дека Иванов не ги почитува граѓаните. За ова неодговороно однесување на Иванов граѓаните сами ќе ценат. Јасно е, целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата“, се вели во обвинувањето од СДСМ за Иванов.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести