РЕВОЛУЦИЈАТА НА БАВАРЦИТЕ: Новиот „БМВ Х2“ кросовер наменет за урбани луѓе и ривал на „Рејнџ Ровер Евок“

  • February 5, 2018

Ново име и уште еден нов модел во гамата на БМВ, без директен претходник. И покрај тоа, тешко е да се замисли друг модел на автомобил за кој треба помалку објаснување од било кој друг автомобил

Понизок, аеродинамичен, спротски и со помал простор од неговиот помал брат Х1. По примерот на, Х4 и Х3, или Х6 и Х5. Х2 е само спортска верзија на Х1.

Значи ова е кросовер за луѓето кои се спремни да направат компромис на задната клупа и багажниот простор. За возврат добиваат спортски изглед и подобрени возни способност.

Ривали? Ако Х1 има ривал во Ауди Q3, Мерцедес ГЛА и секако Јагуар Е-Пејс, тогаш БМВ Х2 би бил ривал во некоја нова категорија. Во категоријата која ја измисли Рејнџ Ровер со новиот Рејнџ Ровер Евок. Возило за кое германските компании долго време немаа соодветна замена.

Главната продажна точка на новиот Х2 ќе биде изгледот, кој воопшто не изгледа на смалена Х4 или Х6, што за повеќето критичари може да биде и добра работа. Задниот дел е пократок и повертикален од нивниот, за да го направи полесен за паркирање бидејќи целната група на БМВ е урбана група која ќе го вози низ град. БМВ ги поедноставува и површините на страничните панели. БМВ тоа го нарекува „прецизност со поезија“, додека пофанатичните вдлабнатини на Х4 го нарекуваат „романитчен“ дизајнерски израз.

Ентериерот може да биде од текстил или кожа, со ригидни материјали, различни апликации и контрасни шевови.

Од стартот Х2 ќе се нуди со 2.0и бензинец и 2.0д дизел. Двата мотори ќе нудат 190 коњски сили. Дизелашот ќе биде на преден погон, додека дизелот со погон на сите четири тркала и осум-степен автоматски менувач како стандард.

Претходно «
Следно »