РЕГИСТРИРАНИ НИЗА НА НЕПРАВИЛНОСТИ: Масовен поткуп пред избирачки места во повеќе општини, индиции за бугарски воз во Штип!

  • October 29, 2017
  • Коментари

Коалицијата „Излези да гласаш“ денеска информира дека во вториот круг на локалните избори забележани се повеќе нерегуларности од страна нивните набљудувачи на повеќе избирачки места во Македонија.

-Добиваме информации за масовен поткуп пред избирачките места во повеќе општини, истакна денеска Илијан Цветковски од Коалицијата.

Според „Излези да гласаш“, забележано е зголемено присуство на униформирани и неуниформирани полициски службеници во повеќе општини.

Забележано е и групно гласање и нерегуларности со избирачко ливче во Штип на избирачкото место 2281 каде што постојат индикации за т.н. бугарски воз, истакна Илијан Цветковски од Коалицијата.

Според него, партиски активисти вршеле легитимирање на гласачите во Македонска Каменица.

-Во Кавадарци е јавено за физичка пресметка, најверојатно меѓу партиски активисти, рече Цветковски.

Тој ги повика надлежните органи да дејствуваат согласно нивните задолженија за изборите да се оддржат во фер и демократска атмосфера.

Претходно, Цветковски информираше за изборни нерегуларност забележани до 10 часот.

-Забележано е делење на флаери во општина Гази Баба, Кисела Вода и Штип. Во општина Чешиново-Облешево е пријавено и повикување на лица на информативен разговор. Имало евидентирано и семејно гласање во општина Сарај, како и големо присуство на полициски сили низ неколку општини на територијата на Република Македонија, истакна Цветковски.

Претходно «
Следно »