РЕДОТ ДОЈДЕ И НА НИВ: Данок и за пејачите -19 лица фатени дека настапуваат „на црно“!

  • February 26, 2019

Естрадните српски ѕвезди кои со години заработуваат огромна сума на пари, како од настапи така и од концерти, во ресторани и клубови,а при тоа не плаќаат никаков данок, повторно се мета на интензивни контроли од страна на инспектори, дознава Српски „Курир“.

Само на почетокот на годината, изминативе два месеци, во 11 локали фатени се 19 лица кои пејат и свират на „црно“, а најавени се и нови рации по клубовите.

Големите ѕвезди се согласуваат дека ред мора да се има.

Ако сакаме да живееме во уредна држава, тоа така треба да биде„ вели Аца Лукас, а со него се согласува и Мира Шкориќ.

Нека си контролираат слободно, дај боже само ние да имаме работа“ додала Шкориќ.

Претходно «
Следно »