РЕЖИМОТ АНГАЖИРАЛ СТРАНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПЕРЕЊЕ МОЗОЦИ: ,,СТРАТАГЕМ” е комапнија која за милионски суми цензурира опозициски медиуми и граѓани

  • August 23, 2018

Откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска го прогласи нашиот медиум за државен непријател број еден, истата вечер беше блокиран нашиот портал поради хакерски напад, а во текот на денешниот ден беше блокирана и нашата Фејсбук страна. Инфомакс дознава дека се работи за странска компанија специјализирана за перење на мозоци, ,,Стратагем” која покрај социален инжењеринг специјализира и во цензурирање на Фејсбук и Твитер страници и профили. Токму денес кога беше блокирана нашата Фејсбук страница на Твитер се огласи и движењето #Бојкотирам, која ја посочи компанијата ,,Стратагем” како надворешен цензор на владата на СДСМ.

 

Ексклузивно дознаваме дека дури 157 лица работат на подмолниот план за цензура и спроведување на едноумие во Македонија, пред и после референдумот за самоукинување и уништување на Македонија закажан на 30-ти септември. Целта е јасна, а тоа е замолчување на сите оние противници на капитулантскиот договор за промена на името. Покрај нашата Фејсбук страна во текот на денешниот ден, беа блокирани и неколку други Фејсбук страници на опозициски  медиуми, како и блокирани лични Фејсбук и Твитер акаунти, на видни опозиционери. Според нашите информации, милионски суми покрај оние од буџетот и џебот на граѓаните се алоцирани за создавање на медиумски мрак во Македонија за време на кампањата за референдумот.

Претходно «
Следно »