October 18, 2021, 7:14 pm

Рекорден број на починaти во Русија во последните 24 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Русија во изминатите 24 часа починале 936 луѓе како последица на ковид-19, што е нов најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Стапката на вакцинација во земјата е ниска, а Владата во Москва сè уште не ги заострува рестриктивните мерки.

Трет ден по ред, бројот на починати во Русија надминува 900, соопшти Кризниот штаб. Бројот на лица заразени и починати од последици од коронавирусот драстично се зголеми кон крајот на септември, а властите, како причина, ја наведоа ниската стапка на вакцинација.

Во текот на денешниот ден се регистрирани уште 27.246 новозаразени лица, што е помалку од вчера. Русија има најголем број на смртни случаи од ковид-19 во Европа – 214.000, а вкупно околу 7,7 милиони се инфицирани.

Околу 33 проценти од 146 милиони граѓани на Русија примиле барем една доза на вакцина, а околу 29 отсто се целосно заштитени.

Кремљ одлуките за затворање и нови мерки им ги префрли на локалните власти. Експертите наведуваат дека реалните бројки се значително поголеми.

Latest News

Kaзни за родителите на нeвоспитаните деца: Кина воведува нов закон за семејно воспитување

Кинескиот парламент ќе разгледа закон за казнување на родителите доколку нивните деца се однесуваат многу лошо или направат кривично...

More Articles Like This