October 24, 2021, 6:27 am

Рекорд во измерени промили алkoxoл во kpBта во Makeдонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рекордни 3,87 промили алкохол вчера во 22:03 часот му биле измерени во крвта на возач, кој бил запрен од сообраќајната полиција во Скопје.

Ова дефинитивно е македонски рекорд во измерени промили на алкохол во крвта бидејќи според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 промили.

Не е дозволено повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта бидејќи првите пречки при управување на возилото се јавуваат на 0,8 промили алкохол.

Лекарските и медицински факти околу присуството на алкохол во крвта велат дека со 2,5 промили алкохол во крвта веќе се јавуваат сериозни пречки на сите ментални и физички функции. Се зголемува и ризикот од задушување при повраќање, како и од повреди при паѓање или друг вид на несреќа.

Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.

3,5 промили веќе претставуваат сериозен проблем и може да доведат до појава на кома. Ова количество алкохол по својата јачина е еднакво како и јачината на една анестезија при хируршка интервенција.

Четири и повеќе промили алкохол предизвикуваат состојба на кома, а многу веројатно и смрт пред се заради престанок на дишење, многу нискиот крвен притисок и задушување при повраќање.

Инаку, вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This