РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГИ ЗЕМАА СИТЕ ФУНКЦИИ ВО САД: Претседателот, Конгресот и Сенатот се во рацете на републиканците!

  • November 9, 2016

Републиканците го задржаа мнозинството во Конгресот со победа во 231 дистрикт, имајќи во предвид дека и покрај одредено незадоволство во некои традиционално републикански држави по однос на претседателските избори, по однос на претставничките, гласачите си ја задржуваат партиската определба.
senatori
Голем број на Рпубликанци излегоа на изборите без реален противник. Оние кои се судрија со ривали од демократската партија успеаа да буквално да ги декласираат во традиционално републиканските држави, како Оклахома.


Демократите пак добија една голема битка. Конгресменот Тами Дакворт го победи сенаторот Марк Кирк и обезбеди место во Илиниос.

Ова е добра вест за Сенаторот Пол Рајан кој останува како Спикер во домот.

Освен Конгресот, Републиканците извојуваа победа и во Сенатот со што републиканската партија ја добива апсолутната контрола врз власта во САД. Заедно со претседателот Доналд Трамп, Конгресот и Сенатот, Републиканците ќе владеат со извршната и законодавната власт во земјата.

Претходно «
Следно »