October 27, 2021, 8:13 pm

Ретко невролошко нapyшување пријaвено како нecaкана рекција на вакцините АстраЗенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот медицински регулатор објави дека испитува ретки случаи на нарушувања на нервниот систем кај луѓе кои примиле вакцина АстраЗенек, односно појава на т.н. на Guillain-Barre синдром (ГБС), пишува Ројтерс

Guillain-Barre синдром е ретка невролошка состојба кај која имунолошкиот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нервните влакна. Повеќето случаи се проследени со бактериска или вирусна инфекција. Оваа состојба се поврзуваше и претходно со вакцинирањето, најмногу со кампањата за вакцинација за време на избувнувањето на свинскиот грип во САД во 1976 година, а подоцна и со вакцината која се употребуваше за време на пандемијата на грипот Х1Н1 во 2009 година.

ЕМА апелираше дека ГБС е идентификуван како можна штетна несакана реакција што треба посебно да се следи при одобрување на вакцината, додавајќи дека од АстраЗенека побарале подетални информации за случаите, но не добиле одговор.

Иако ЕМА објави дека придобивките од вакцината на британско-шведскиот производител во борбата против смртоносната пандемија надминуваат какви било ризици, неколку европски земји ја ограничија употребата на вакцини за стари лица а дел целосно престанаа да ги користат. Единствено Германија целосно ја укина забраната и ја дозволи вакцинација на сите старосни групи.

Latest News

Арсовска: Преку квалитетно менаџирање на нeпродyктивните трошоци јавните претпријатија ќе бидат самоодржливи

Со добро и квалитетно менаџирање и кратење на непродуктивните трошоци ќе ги направиме јавните претпријатија што се под надлежност...

More Articles Like This