РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30.СЕПТЕМВРИ ЌЕ БИДЕ НЕУСПЕШЕН: Поддржувачите на договорот со Грција се маргинални, тврдокорни Заевисти – Албанците имаат одлична шанса да го декласираат ДУИ

  • August 7, 2018

Референдумот на 30-ти септември ќе биде неуспешен! Бројката од над 900.000 излезени граѓани, тешко, макар и невозможно е да се оствари, Заев ги донел и U2 на плоштад. Можеби постои „тук и таму“ по некој што сеуште мисли дека треба да излезе и да гласа против, но и на таквите за многу кратко ќе им стане јасно дека референдумското прашање се сведува на „За“ и #Бојкотирам.

 

Битката за името, битката која ќе го означи падот на оваа ненародна власт, народот ја доби уште и пред да започне референдумската кампања. Точка на ваквата сенародна одлука беа и инаетџиските изјави на Заев и Шеќеринска, дека тие што ќе бојкотирале фактички биле за тоа институциите (читај парламентот) го реши прашањето. Супер!

Целата администрација, која одлично и неретко си ги препознава политичките прилики и гледа дека ваков апашлук, корупција, криминал, неморал и безредие со изборите во април догодина, Заев и СДС ќе доживеат дебакл, нема да гласа. А, имаат и алиби пред сегашните им началници дека они се за, ама не излегле затоа што институциите и вака и така ќе го решат прашањето. Зошто би излегувале и да се бележат кога знаат дека ќе им бидеме многу, многу лути на оние што излегле, а референдумот ќе биде неуспешен и без нив? Во тој случај во македонскиот дел ќе излезат само најтврдите заевисти, иноваторите и мали делови од СДС кој се офајдија. Колкава е таа бројка? Едноставна е равенката, колку луѓе ќе извадат Павле, Лиле, Стојанче, Тито, Андов, Љубе?

Во албанскиот дел ќе биде уште поинтересно.

За Албанците, Бујар Османи тврди дека бојкотирањето значело позитивен одговор, за што сум согласен со него ако се знае дека 95% од албанското населени го поддржува договорот, а и 100% од нивните народни избраници го подржуваат. Ако е така албанците би требале да излегуваат на референдумов само во знак на подршка на ДУИ! Не гледам зошто инаку и Албанецот, особено оној што живее во мешана средина би излегол да гласа и да се офира, кога е сигурен дека неговиот народен избраник во парламентот како и да е ќе го подржи тој договор. За да му даде подршка на Османи, Груби и ДУИ? Да потсетам Сеља веќе го поставува отворено прашањето од потреба албанците да учествуваат на овој референдум! Не верувам дека албанската политичка опозиција нема да го пропознае овој политички момент за борба против ДУИ.

Од тука јасно се поставува прашањето, која е бројката на излезени на референдумот, после која целиот Македонски народ, заедно со својте браќа и сестри сонародници ќе излеземе по македонските плоштади, а и насекаде низ светот, под барјакот на слободата, со зурли тапани и го прославиме не само пропаѓањето на договорот туку и дефинитивно заминување на оваа фашистичка хунта? За одговор на ова прашање мора да се инсистира од Заев. Тој е ликот од кој што не само јас, туку сите новинари и целата македонска јавност треба да бара одговор на прашањето, под која бројка тој и неговата влада ќе ја напуштат Илинденска бб?

Пишува
Александар Пандов

Претходно «
Следно »

loading…