РЕФЕРЕНДУМСКА КАМПАЊА СЕ ВОДИ И ВО АЛБАНИЈА: Опозицискиот лидер во Албанија повика да се гласало на референдумот

  • September 16, 2018

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша им се прудружи на светските лидери кои повикаа и повикуваат, за масовно гласање на референдумот во Макекдонија и тоа по можност да гласаат „За“ за новото име

-Демократската партија испраќа порака или совет, до сите граѓани на Република Македонија, особено до Албанците да излезат масовно да учествуваат на референдумот на 30 септември и да го дадат својот глас за Македонија во НАТО и да се обезбеди иднина за евро-атлантска и европска Македонија и регион, рече Баша.

Неговата изјава беше дадена по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ја пофали улогата на лидерот на ДУИ во македонските политички случувања како албански фактор.

-Им честитам и ги подржувам неуморните напори на албанското раководство, Али Ахмети и неговите колеги, рамо до рамо со другите политички сили во Република Македонија на 30 септември да се означи важно поглавје не само за Македонија, туку и за целиот исчекорувајќи еден одлучувачки чекор кон членството на Македонија во НАТО, рече лидерот на демократите.

Освен со Али Ахмети, Баша во Скопје се сретна со речиси сите албански политички фактори во Македонија, за подршка на референдумот за новото име.

Претходно «
Следно »