,,РЕФОРМАТОРИТЕ“ БАРАЛЕ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЗА ДА ИМ ЈА ВОДИ КАМПАЊАТА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ: Бејли и СДСМ стојат во позадина и со финансиска поддршка

  • June 24, 2017

„Реформаторите“ Александар Михајлоски и Петар Богојески се барале од позната скопска маркетинг агенција да им обработи кампања против ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите до кои дојде „Република“, двајцата реформатори во агенцијата посочиле дека имаат голем буџет на располагање за обработување на кампањата и го потенцирале фактот дека зад нив стојат странски амбасади. Посочиле дека во рамките на кампањата треба да бидат опфатени и таканаречените реформи на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Република.

-Но поради професионалноста на агенцијата со која барале соработка, како и поради формално-правниот однос, барањето на „реформаторите“ било одбиено – велат извори на „Република“.

Неодамна пишуваме за функционирањето на овие „реформатори“. Тогаш објавивме дека поради стравот од силно ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните зафати поврзани со обезличување на македонската нација и распродажбата на државните и национални интереси, кои се планирани по поставувањето на квинслишката власт во Македонија, сценаристите повторно се обидува да чепкаат во најголемата партија, која единствено цврсто остана на своите ставови во оваа повеќегодишна надворешна интервенција со единствена цел – смена на името и идентитетската посебност на македонскиот народ.

Оваа група „реформатори“ нема поддршка од членството туку од други фактори, кои сакаат да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ. Вакви најави, впрочем, протекоа токму од извртените мајстори на квинслишката медиумска групација, која пред неколку години ги промовираше и Никола Димитров како реформатор со т.н. „Амстердамска тројка“ или, пак, демократот Кекеновски, чиишто резултати ги гледаме. Ниту добија поддршка, ниту, пак, имаат некакво влијание. Освен лично, како Димитров, што сега е министер кој е поставен за спроведување на сценариото. Овие „реформатори“, богатејќи се на грбот на членството што работи за идеологијата, веројатно сега одработуваат агенда, која повторно ќе им донесе удобен живот без труд и работа. Сметаат дека овој начин повторно ги стави во фокусот на вниманието, што повторно ќе им овозможи луксузи и елитни забави со амбасадори. Многу е интересно што до пред десетина дена, членовите на оваа група беспоштедно ги поддржуваа политиките и движењето на ВМРО-ДПМНЕ, без да имаат каква било забелешка на „демократијата“ или донесените одлуки и решенија. Таа потреба се јави кога се соочија дека ќе останат без бенефитите – објави „Република“ на почетокот на јуни.

Уште тогаш Република напиша дека „Реформаторите“ биле во спрега со СДС додека глумеле лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ, што сега се потврдува со нивната желба пр агенција да ја работи нивната кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно е и влијанието на странските амбасади врз „реформаторите“, што се потврди и со фотографијата на која еден од нив, Петар Богојевски, е фотографиран со американскиот амбасадор Бејли.

И тогаш пишувавме дека тајни есдеесовци цицаа од ВМРО и дека ветерот на реформите дува од Кале. Затоа и при барањето за соработка со пр агенцијата било потенцирана големата соработка со странски амбасади во земјава.

Претходно «
Следно »