October 28, 2021, 6:33 am

РЕФОРМАТОРИТЕ ПОВТОРНО ПЛУКНАА НА НАРОДОТ: Петар Богојески го обвини македонскиот народ за спорот со Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потрчкото на „стратешкиот партнер“, Петар Богојески уште еднаш покажа за кого работи. Доколку досега не беше јасно дека работи за една амбсада која го надгледува Скопје, сега е јасно како ден.

„Богојески кој по промената на лидерот на партијата доби уште една шанса да докаже дека работи на единство на, како што вели неговата матична ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил директно ги нападна граѓаните кои излегоа и дадоа поддршка на вчерашниот протест. Богојески го замоли македонскиот народ да не го брани бидејќи со протестот наводно се давале аргументи на Грција за промена на името на Македонија. Со ова тој за спорот со името директно го обвини македонскиот народ.

За среќа ова не е официјалниот партиски став на ВМРО-ДПМНЕ, чиј партиски врв на по лично убедување присуствуваше на масовниот семакедонски протест против промена на името. Протестите не беа организирани од опозициската партија, но сепак јавно истакна дека го почитува демократското право на секој еден граѓанин за протест.

Денес се одржува Сенароден граѓански собир на плоштад Македонија во Скопје, под мотото “Македонија обединува”!

Градот Скопје е претесен да ги прими повеќе од милион граѓани…
Драматична состојба, не може да се дојде до храна и вода…
Скопскиот аеродром не ги прифати чартерите од целиот свет, по што беа пренасочени на аеродромите во Охрид, Приштина, Солун и Софија.

Присутни се сите политички и верски лидери. Целокупниот состав на Светиот Синод на МПЦ – ОА, демонстрираше единство на сите македонци. Тука беа поглаварите на ИВЗ, Католичката црква и другите верски заедници. Семејствата на илинденците и припадниците на ВМРО, како и на ветераните од ВСВ. Од врвот на АРМ до хуманисти од сите балкански држави, вклучително и од Грција.

Митингот започна со химната на Република Македонија и химната на Европската Унија во изведба на светски познатите вокали и најголемите музички имиња од Македонија.
Клучните пораки ги испратија двајцата политички лидери од власта и опозицијата со заедничка порака дека Македонија сака во НАТО и ЕУ – денес, а не утре!!!
Познатиот албански поет искажа подршка за своите сограѓани македонци во борбата за европската иднина на земјата. Тука се обединети и христијани и муслимани и атеисти!
Бугарскиот академик истакна историска вистина за името Македонија и правото на македонците на него…
Врвен експерт за меѓународно право од Брисел го подкрепи правото за самоопределување на македонскиот народ, а врвниот хуманист од Лондон повика да престане грчкиот геноциден обид во 21от Век…
Чувството да се биде тука е толку пријатно, како да е цел Балкан обединет во едно… Македонија навистина обединува…
Граѓаните на РМ покажаа дека се носители на духот на Обединета Европа на Балканот! Македонија има полно право да живее слободен и просперитетен живот…

…извештај на новинар од инфо агенција од Берлин.
мај 2018 година, Скопје.

🕊За ваква Македонија сонуваме и живееме!!!

П.с. Браќа и сестри, присутни на вчерашниот мини митинг во Скопје, за жал одигравте улога во филмот на нашите стари мачители!
И дадовте “аргументи” на Грција за промена на името на Македонија!

“Аман брат, доста ме браниш!” – напиша Богојески на својот ФБ профил.

Богојески беше дел од т.н. реформатори на ВМРО-ДПМНЕ, кои медиумска поддршка, добиваа од организациите финансирани од УСАИД и низа на странски амбасади.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This