Ристески: Власта со камен темелници ќе ги покрива предизборните лaги

Поврзано

Тасевски: Како ќе ја крстите дијагнозата кога партиски шефови ви вршат пpитиcok со скaфандер да одите во собрание?

Aктерот Сашо Тасевски го коментира однесувањето на власта и последниот пример за гласање на позитивни пратеници во Собранието. Според него,...

Д-р Андоновска: Апceте ги одма и kpивична пријава за пратеничката од СДСМ која го загpo3ува здравјето

Доктор Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека пратеничката која денес позитивна на коронавирус дојде во...

Пpaтeницитe пoзитивни на KOBИД19 да одат на pacпит во Oбвинитeлcтвo

Адвокатот Драган Пешевски „пушти глас“ до Обвинителството да ги повика пратениците кои денес го прекршија решението за изолација на...
- Advertisement -

„Мандатот веќе завршува, а камен темелници, сликање и табли со цртежи изгледа ќе се изнагледаме, ќе се редат како што ќе наближуваат изборите“, реагира Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Ристески посчува дека власта кои ветуваа брда и долини само за ад дојдат на власт, а откако се сместија во фотејлите, заборавија на ветувањата што им ги дадоа на граѓаните. Власта ветуваше изградба на градинки, но не само што не е изградена ниту една градинка во Прилеп за време на нивниот мандат од четири години, туку и дел од старите градинки се затворени.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост

ред 15-тина години Прилеп беше најсоцијален град со најголем процент на невработени во Македонија. Бројката на невработеност се движеше околу 30 илјади или над 60% од работоспособното население можеби и повеќе!!! Комплетно уништено стопанство и пропаднати фабрики-гиганти, под клуч или стечај!!! Под дрво и камен се бараше работа за егзистенција… Цели фамилии живееја од социјална помош, од малите пензии на повозрасните, од помошта од роднините од странство или се снајдуваа на овој или оној начин… Во такви услови и со катастрофален наталитет, можеби и најмал во Македонија, Прилеп имаше проблем со одржувањето на постојаните капацитети на училиштата и градинките поради мал број на деца и средства (социјална Општина). Пред само 8 години градинките беа со преполовен капацитет и мал интерес за нив, на работ на егзистенција одржувани со блок дотации и субвенции од државата и Општината. Но, сега гледано од оваа перспектива се поставува едно битно и суштинско прашање: Како наеднаш почна да расте интересот за згрижување на деца во градинките, а при сè уште екстремно мал наталитет во Општината (еден од најниските во државава)? Секоја година деца се помалку, а потреби за градинките се повеќе-дијаметрална спротивност нели? Одговорот на сето ова е еден и едноставен! Потребите за зголемен број на деца во градинките нагло се зголемија поради: големиот број на нови инвестиции во градот, нови фабрики и погони, зголемени индустриски зони, јаката градежна експанзија, масовното урбанизирање на градот, развој на земјоделието… и мн други фактори, а сето тоа во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ во градот и државата …. Сето ова предизвика застанување на цврсти нозе на економијата и намалување на невработеноста во градот. Потврда за тоа беа и бројните огласи (пред пандемијата) за пополнување на работни места. За прв пат по децении, на пазарот на трудот во Прилеп имаше повеќе понуда од побарувачка за работа (недостаток на работна сила)!!! Сето ова предизвика и нови потреби кај младите брачни парови и родители, а една од нив, и потребата за згрижување на деца во предшколски установи, односно се дојде од суфицит до дефицит во сместувачките капацитети во градинките. Односно, наместо како поретходно, сами да си ги чуваат децата поради невработеност, подобра варијанта стана децата да се згрижат, едуцираат и социјализираат во предшколска установи-градинки, за багателна цена! Поради тоа, тогашната ЛС, како што се зголемуваа потребите за градинки, така почна и да ги зголемува капацитетите на истите, следејќи го темпото на намалување на невработеноста во градот, на општо здоволство на сите…! Во период од неколку години, ЛС ги прошири капацитети на градинките во градот: ▪️се прошири градинката Бончејца со нов капацитет за 100-150 деца; ▪️ се реконструира и отвори новата градинка во Работничкиот Универзитет со капацитет за нови 60-70 деца; ▪️се реконструира и отвори нов капацитет и градинка во просторот на улилиштето “Рампо Левката” со капацитет за над 100 деца; Секако, во тој период се отворија за прв пат во историјата на Општина Прилеп и нови градинки во населените места: ▪️нова градинка во Беровци (за жал сега не работи); ▪️нова градинка во Канатларци (за жал исто сега не работи); ▪️нова градинка во Тополчани (и таа не работи); ▪️нова градинка во Мало Коњари (и таа не работи); ‼ Значи за краток период се отворија нови градинки и капацитети за згрижување на повеќе од 300 деца во Општината. Во неколку основни улилишта, по барање на родителите се отвори и дневен престој за деца: “Гоце Делчев” и “Климент Охридски”… Исто така, битно е да се напомене дека во изминатиот период, претходната ЛС направи измени во ГУП-от и новите ДУП-ови овозможувајќи услови за изградба на нови градинки во двете најголеми населби во градот: Рид и Точила (каде што се постави камен темелник пред некој ден). Но, факт е дека од отворањето на последната нова градинка (“Рампо Левката”) поминаа скоро 4 години односно цел мандат, а ние не видовме ниту нова градинка изминатиот период, ниту проширување на постојаните капацитети, ниту пак зголемен број на згрижени деца во градинките, а видовме затворени градинки во населените места!?!? Камен темелникот пред некој ден на новата градинка во Точила е убава работа, но ако ја видевме пред две три години!!! …И така, долгоочекуваната градинка најавена од сегашниве Власти во 2018… па во 2019…па во 2020… заврши со камен темелник и цртеж на табла во 2021, на крајот од мандатот, сигурно и без доволно обезбедени средства во буџетот, како што стои во тендерската постапка со рок на исплата наредните три години!! Мандатот веќе завршува, а камен темелници, сликање и табли со цртежи изгледа ќе се изнагледаме, ќе се редат како што ќе наближуваат изборите!! ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО!!!

Линк до објавата на Ристески

Latest News

Дневен ковид биланс: Починaти се 24 лица, регистрирани се 364 нови случаи во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови...

More Articles Like This