October 18, 2021, 3:13 am

Ристески: Иcкpeни чecтитки нa д-р Борче Јовчески, yбeдeн cyм дeкa гpaѓaнитe нa Прилеп ќe ja пpeпoзнaaт нeгoвaтa чecнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески упати искрени честитки преку социјалната мрежа Фејсбук кон д-р Борче Јовчески за неговата кандидатура за Градоначалник на општина Прилеп, коментирајќи дека граѓаните го заслужуваат најдоброто и дека градот заслужува да биде во вистински раце.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Упатувам искрени честитки на д-р Борче Јовчески за кандидатурата за Градоначачник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!

Сигурен сум дека вредностите ќе му бидат приоритет, принципите водилка, а интересите на граѓаните основна цел.

Убеден сум дека граѓаните на Прилеп ќе ја препознаат неговата чесност, неговата одговорност… посветеност… желбата за развој на град Прилеп, што ќе придонесе да ја добие нивната доверба и голема победа во Прилеп.

Граѓаните го заслужуваат најдоброто, градот заслужува да биде во вистински раце!

Прилепчани ќе се гордеат со делата на хуман и работлив човек, а градот заслужено ќе го врати сјајот и ќе добие лик многу поинаков од сегашниот!

Борче едноставно е кандидат на сите граѓани на град Прилеп…

Напред… до конечна победа!!!

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This