January 23, 2021, 8:40 am

Ристески: ЧИCTИOT BOЗДУX – “миcлoвнa именка” за Влacта

Поврзано

Колумна на Ристо Никовски: Ceгaшнaтa бугарска пoлитикa e peaфиpмaциja нa Живкoвизмoт

За да се согледаат корените на сегашните бугарски политички небулози во однос на Македонија и Македонците, одличен водич е...

Цapoт e гoл

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив...

Колумна на Мирка Велиновска: Луѓе и глyвци

Овој текст им го посветувам на ,,револуционерите,, од шарената куртон СДСС-соросоидно – УЧКаста ГМО бројлерска оргија организирана од цијашот...
- Advertisement -

Гледајќи и анализирајќи ги буџетите на скопските и другите општини во Македонија, повторно ќе забележиме амбициозни проекти од областа на заштита на животната средина, почист возух и повторно лаги на хартија кои секоја година се препишуваат, а не се реализираат, ниту пак дале некаков ефект и подобрување по здравјето на луѓето во Македонија!

Но, сепак доаѓаат локални избори и повторно ќе ги изнаслушаме истите лаги, истите памфлети од СДСМ: “тотална гасификација”, “чист воздух”, “зелено Скопје”, “нулта отпад” …итн… итн… само празни флоскули!

Напротив и она што беше направено или предвидено како проекти од претходните ЛС, не е реализирано или е уништено!

Изборите притискаат, а со тоа ќе продолжат манипулациите на Власта преточени во предизборни поткупи и субвенционирање на: клими, велосипеди, електрични мопеди, термо фасади… ќе се изнагледаме камен темелници на паркови, препишани студии за регионалните депонии, симболичко засадување на дрвца… што ли уште не!?

Но, шарените лаги на Власта се едно, а суровата вистина и реалност сосема друго и гласи:

-Градоначалниците ги преспаа своите мандати без ниту еден позабележителен проект во ниту една област;

-неспособноста на Власта доведе до никакво или минимално искористување на ЕУ средства и други фондови во решавање на еколошките проблеми;

-средствата за субвенции од буџетите се енормно мали во споредба со непродуктивните трошоци и не даваат скоро никакви ефекти во заштита на здравјето на населението;

-гасификација на општините ни на повидок во догледно време;

-Скопје и општините останаа на врвот на светските листи за најзагадени градови во Европа и светот;

-против главните загадувачи во општините не е мрднато со прст-труењето на населението продолжува;

-депониите останаа рак рана без стратегија и конкретни цели за нивно решавање;

-се субвенционираат велосипеди, а велосипедски патеки скоро и да нема;

-Македонија е на дното во Европа по просек на електрични возила во сообраќајот;

-наместо нови паркови и зелени површини, имаме нови ДУП-ови за бетони и згради;

-наместо нови шуми и зелени појаси… изгорени хектари шуми и масовно дрвокрадство;

-уништеното образование придонесе за уништување на еколошката едукација и свест кај населението;

Ете за жал, ова е суровата реалност!

Од сето ова произлегува дека ЧИСТИОТ ВОЗДУХ И ЧИСТАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА останаа најголемата лага и предзиборна манипулација на оваа Власт!!!

Пишува: Марјан Ристески

Latest News

Дpacтично се менува начинот на гласање на локалните избори?

Како Министерство ние строго инсистираме да се отворат листите. Не само што ќе ја демократизираме локалната политичката сцена, туку...

More Articles Like This