November 28, 2020, 12:12 pm

Бугapcки aнaлфaбeтизaм

Поврзано

Дa ce обeдиниme ceга – 3a Maкедонија

Почитувани и сакани мои Македонци: домашните анационални елементи(субјекти) и иностраните недобронамерници, под плаштот на наводните “евроинтеграции“ погазија се што...

ЗОШТО БУГАРИЈА ПРВА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА?

Покрај своите неразумни барања кон Македонија, Софија постојанo нескромно се фали дека биле првата држава што ја призна нејзината...

Македонизмот како лек за бугарскиот расизам (Македонизмот како Verum Ipsum Faktum)

Вистината е самиот факт- Во фактите е вистината Македонизам е македонска филозофија која ги создала и ги негува фундаменталните принципи на...
- Advertisement -

Очекуваното вето стигна и потврди дека со Бугариве нешто не е во ред. Треба да не си со сите за да тврдиш дека нашите родители и дедовци биле “Бугари“ се’ до 1944, та заедно со нив и ние што сме родени пред таа година. Со таква монструозна манипулација, Софија може да се појави по 150 години кога во Македонија ќе живеат нови генерации кои нема да имаат никакви директни спомени што биле нивните пра пра… дедовци. Ние сме поминале добар дел од животот со нашите родители и дедовци, сме растеле и созревале покрај нив и одлично знаеме кои биле тие. И сега, сосема надвор од умот, Софија уценува да се согласиме и да потпишеме дека сите тие биле “Бугари“!? Можеби некој маргинален број и се чувствувале така, ама да тврдиш генерално за сите… Е, за тоа е веќе потребно да си целосно забеган во екстремен политички национализам, кој го уништува здравиот разум. Во бугарскиов случај, тоа е враќање на нивниот фашизам од Втората светска војна. Сакаат веројатно да докажат дека човекот настанал од мајмунот, ама Македонците биле изнедредни од Бугарите. Равенката направете ја сами.

Зарем Борисов и други бугарски мајтапчии, не сфаќаат дека ако нашите родители и дедовци навистина биле “Бугари“, немало начин тоа чувство да го кријат и да не ни го пренесат нам, на своите чеда? Макар тајно, во потсвеста да ни напикаат бугарски сентименти? А ние, свесно или не, на еден начин или друг, би морале да ги покажуваме и демонстрираме нашите бугарски корени. Такво нешто не може да се скрие. Како прво, макар по дома и скришум, би пееле бугарски песни, а такво нешто никогаш немало. Напротив, ние ги памтиме пораките и аманетите на нашите родители и дедовци сврзани со македонизмот, кој ни го всадиле длабоко во душите. Клетите (за Софија!) предци не воспитувале и учеле дека сме Македонци, ни зборувале на прекрасен македонски јазик, ни ја раскажувале нашата историја, не учеле да пееме македонски песни и не успивале со македонските приказни…

Впрочем, таков пример, по многу што срамен за нив, има и во самата Бугарија. Ги прогонуваа Македонците, ги затвараа, мачеа и осудуваа, тие беа жртви на тежок национален геноцид ама и покрај тоа, до ден денешен, си останаа тоа што секогаш си беа. Сето тоа им се случуваше само затоа што се декларирале како Македонци а Софија, и со жестока крволочност, која траеше макар еден век, не успеа да ги сотре. Објавена е и книга за дел од овие маченици и би било добро да ја прочитаат забеганите бугарски политички лидери. Факт е дека Бугарија успеа да асимилира дел од Македонците, ама тоа е за нив историски срам.

Тој арам и денес и се повторува на Софија: донесени се 13 пресуди на Европскиот суд за човекови права, со кои се осудува државата Бугарија за непочитувањето на основните права на Македонците во земјата. Дури и министрите на Советот на Европа донесоа резолуција со која се бара од Софија да ги почитува овие пресуди. Заради тоа, земјата е на тапет и е под постојан мониторинг на Советот. Крајно време е нашиот источен сосед да излезе од политиките на 17 век и да сфати дека Македонците се реалност и во Македонија ама и во Бугарија, каде никој не може да ги негира и избрише со било каков билатерален договор, потпишан од кој било неодговорен македонски политичар. За сите станува се’ поочигледно дека причината за овие крајно недоветни бугарски уцени кон Македонија е токму македонското малцинство, кое не ужива никакви универзално гарантирани права. Впрочем, тоа директно го потврди и министерката за надворешни работи, Захариева, која кажа дека се тие најголемиот дел од проблемот. Очигледно, Софија калкулира дека тие најлесно ќе се елиминираат ако се избришат Македонците од нивната матична држава и, ако нив ги нема, не може да има и македонско малцинство во Бугарија. Токму затоа Софија ја постави и границата до и од 1944. Планот добро го смислиле ама тоа е најтешка форма на шовинизам. Европа веќе и се чуди на паметот, и се смее и, ако вака продолжи, сите ќе се подбиваат со неа. Влијателниот “Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека, “според Софија – Македонците се – ’вештачка нација’ а Бугарите се – ’дар од Бога’ или ’паднати од небото’“! Доволно кажале за паметниот да разбере.

Има многу индикатори дека и Унијата, и сите членки, одамна се каат што ја примиле Бугарија ама дури сега ќе сфатат дека грешката им е историска и дека заради неа сите ќе бидат на столбот на срамот. Софија секогаш беше на погрешната страна во историјата. Сите нејзини сојузници неславно завршија: или беа поразени, или се распаднаа. Последен беше СССР. Дали ЕУ ќе ја чека слична судбина, ако на време не ја исфрли Бугарија?

Нашите предци со векови живееле во отоманската империја а неколку пати биле жртви и на бугарски освојувања. Се издвојува периодот на фашизмот во Втората светска војна, кога Македонија беше претворена во окупациска зона, која Хитлер и ја додели на Бугарија. Во меѓувреме, нашите беа и под српска окупација. И во такви најтешки историски услови, Македонците никогаш не се откажувале од тоа што биле. Напротив, мнозина се бореле и гинеле за слободна македонска држава и сите обиди сето тоа да се избрише од нашата колективна меморија, се осудени на тежок пораз.
Деновиве, Софија го актуализира случајот со писмото на бабата на Шекеринска, чии сопруг и дедо на министерката за одбрана, како се тврди во истото, се борел за – “обединување на Македонија со мајка Бугарија“. Тоа сигурно не бил единствен таков случај, ама бил редок и изолиран. Во тој период (1943), партизаните беа веќе масовно тргнати во општонароден бој против бугарскиот фашистички окупатор, широко поддржани од огромен дел од македонскиот народ и сите други кои живееле на овие простори.

За разлика, мојот дедо од Ресен, Ицо Попе, 17 години робувал за слободна Македонија а мене и на покојниот брат често ни порачуваше – немојте никогаш да заборавите дека сте Македонци: татко ви, јас, татко ми и дедо ми мој, сите беа и сме Македонци. Иако бев мал, тоа го паметам како да беше вчера, а тој почина во 1949 година. Тогаш не го разбиравме неговиот аманет ама тој ја оствари целта. Во 1930-тите, Србите правеле попис и го прашале – националност? Македонец, одговорил. Нема такво нешто, му вратиле. Тогаш, пишете што сакате, заклучил дедо ми. Што запишале, не е спорно. Неговиот дедо, пак, кого многу го сакал и почитувал, и за кого ни раскажуваше интересни приказни, бил роден некаде околу 1920 година. Пред 200 години бил Македонец.

На сите ни се познати бугарските историски синдроми околу Македонија и Македонците, кои траат речиси 200 години. Сепак, просто е неверојатно што сегашната бугарска “интелигенција“ сака со сила да се откажеме не од нашата историска, од пред 100-тина или 150 години, туку од нашата лична меморија! Од тоа во што сме воспитани. Со овие неумности и непристојности, подготвени од нивната академија на неписмените, се навредуваат сите Македонци, каде и да се, вклучувајќи ги и тие во Бугарија. Меѓутоа, во целиот овој галиматијас, не треба да не чудат историските бркотници на Софија. Тие се добро познати и, барем за нас, не треба да бидат никакво изненадување. Клучно е зошто молчат Вашингтон и Брисел? Тие секојдневно вреват и ни држат лекции за некаква демократија, владеење на правото, човекови права… а во конкретниов случај толерираат чист шовинизам во сопствените редови: Бугарија е членка на НАТО и ЕУ. Запрепастува ставот на Унијата, дека треба да се договориме со Софија. За што? – за тоа дали сме тоа што сме или нешто друго, проектирано во мрачните кулоари на БАН?

Факт е дека Берлин, кој претседава со ЕУ, врши жесток притисок врз повампирениот бугарски фашизам да си ги прибере прстите. Хендикепот, меѓутоа, е голем бидејќи Софија не си остави никаков маневарски простор, бесмислено обидувајќи се да го добие невозможното. Жалосно е што солидарноста меѓу членките повторно пренагласено доаѓа до израз, што може да биде опасна грешка на ЕУ. Брисел мора јавно и официјално да ја осуди Софија, бидејќи ова е невидена агресија врз една земја кандидат за членка, врз крајно неприфатлива основа и ако тоа се толерира, процесот на проширување на Унијата е завршен. Во спротивно, случајот ќе се повторува и со сите други кандидати од Балканот. Тоа би бил тежок неуспех на Брисел, со пошироки последици.

Заклучокот е неспорен. Навистина треба да завладее тешка безумност во Софија за од сегашните Македонци да бараш да потпишат дека нивните родители и дедовци биле “Бугари“ до 1944 година. Со тоа ги третираш како да се некакви Зомби, нереални и навистина од некого измислени. Тоа е првокласна будалштина со која Софија се доведува во безизлезна позиција и во ЕУ, каде ќе биде изолирана, и во однос на Македонија.

Сепак, во секое зло има и добро. Ова е еден од ретките случаи кога сите во земјава се единствени против безобѕирното однесување на Бугарија. Дури и мегафоните на власта се на иста линија, што значи дека добиле соодветен ишарет, иако изјавите на премиерот често не се вклопуваат во општата слика. Наскоро ќе видиме дали се тие некаква дипломатија или подготовка за капитулација. Според досегашното искуство, второто е поверојатно. Фактот, пак, што Софија кај нас избројала 10 или 15 илјади критики или осуди на нејзините политики, треба да и биде одличен показател дека тргнале во целосно погрешен правец. Тоа јасно покажува дека немаат шанси за успех и дека нејзината агресија прво не сплотила и второ, ја поткопала на долг рок можноста за некакво пријателство меѓу двете земји и народи. Досега, во земјава апсолутно немало никаква омраза против Бугарија, иако основа за такво нешто секогаш имало, поради нивното вековно негирање на Македонците. Сега, по сето ова што ни го прави Софија, обичниот Македонец неизбежно ќе чувствува длабок презир и одбивност кон нив. Софија ги откопа сите воени секири против Македонија и тоа не може да остане без тешки последици.

П. С. Овој текст не навлегува во корените и вистинските актери кои ја доведоа Македонија на ова дереџе. Не се анализира поширокото сценарио за дефинитивно затворање на “македонското прашање“ со бришење на Македонците, во кое
Бугарија само послушно игра одредена улога.

Пишува: Ристо Никовски

Latest News

Пpeгaзeн пeшaк вo Скопје, co тeшки пoвpeди пpeнeceн нa Kлиникa

Пешак е тешко повреден во несреќата што се случила вчера во 12.00 часот на ул.„Малешевска“ во Скопје. Патничко возило „фиат брава“...

Ќе побара ли Бугарија и Грција да ги избрише натписите на своите споменици

ПРЕИНАЧУВАЊЕ НА ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА СЕ БАРА САМО ОД МАКЕДОНИЈА Бугарија со уцените кон Македонија и барањето да се избрише нејзината улога во периодот 1941-1944 г....

Bo здpyжeнa пoлициcкa akциja вo Цeнтpaлнa Амepикa yaпceни нaд 700 kpиминaлци

Полициите на Салвадор, Гватемала и Хондурас, со помош на американските безбедносни служби, уапсија повеќе од 700 членови на меѓународни криминални организации, главно членови на...

Вpхoвниoт вepcки лидep вeти oдmaздa зa y6иcтвoтo нa Фахризадех

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска дека Иран ќе се одмазди за убиството на научникот, Мохсен Фахризадех, шеф на иранската програма...

Германиија нajaви дeкa pecтpиктивнитe мepки мoжe дa тpaaт и дo пpoлeт cлeднaтa гoдинa

Германските власти најавуваат дека рестриктивните мерки кои претставуваат делумен „локдаун“ можеби ќе треба да се продолжуваат до пролетта 2021 година ако не се стави...

More Articles Like This