РКЕ во иднина нема да ја определува крајната цена на струјата

Поврзано

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика веројатно во иднина нема да ја има улогата на регулатор на пазарот на електрична енергија, кој влијае на крајната цена на струјата што ја плаќаат домаќинствата и малите компании, вели претседателот Бислимоски.

РКЕ во иднина ќе го регулира само тарифниот систем, односно дистрибутивната маржа, а цената на струјата ќе се формира слободно на пазарот кој ќе ја определува набавната цена на мегават-час. Тоа значи дека во иднина РКЕ ќе ја одредува само цената на дистрибуција и пренос, поточно, ќе ги регулира природните монополи (далноводи, мрежите до домовите и слично). Колкав ќе биде тој процент во пресметките за крајната цена, во моментов не може да се прецизира, затоа што ќе зависи од повеќе фактори.

Ова од Македонија го бара подолго време Енергетската заедница, а РСМ како членка, е должна да спроведе целосна усогласеност на нашето законодавство со директивите на ЕУ. Од РКЕ посочуваат дека за таа цел, во тек се измени во Законот за енергетика кои ќе ја определат новата, изменета улога на РКЕ на домашниот енергетски пазар.

Само уште Македонија, Косово и Србија, од земјите во соседството и пошироко, останаа со регулиран пазар на електрична енергија и тоа мора да се смени“, вели за Мета.мк претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Latest News

(Видео) Заев нa Caмитoт нa HAТO: Едeн зa cитe, cитe зa eдeн – зaeднo вo Брисел co нaшитe 29 cojyзници

Македонија првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели на денешниот Самит...

More Articles Like This