РКЕ co нoвa oдлyкa: Oд yтpe нoви цeни нa гopивaтa

Поврзано

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на Одлуката од 25.05.2021 година.

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Од 1.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,881 (денари/килограм)

Latest News

Бoлницитe зaтвopиja дeл oд кaпaцитeтитe нaмeнeти зa koвид пaциeнти: Ha инфekтивнитe oддeлeниja вo земјава ce лekyвaaт 65 лицa

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти...

More Articles Like This