Роберт де Ниро ќе пpими нaгpадa за живoтнo дeлo: Актeрoт се cмeтa за eдeн од нaјдобpите во нeгoвaта гeнeрaцијa

  • November 15, 2019
  • Коментари

Актерот Роберт де Ниро се смета за еден од најдобрите во неговата генерација.

Добитникот на Оскар и многу други награди, ќе прими награда за животно дело на почетокот од наредната година. Тоа било одлучено од страна на познатата организација Screen Actors Guild.

„Член сум на оваа унија повеќе од 50 години. Огромна е честа да се прими оваа награда од SAG-AFTRE“, рекол де Ниро во службена изјава. Оваа награда се доделува на актерите кои се олицетворение на „најдобрите идеали од актерската професија“. Секоја година добитникот го бираат 160 илјади членови на унијата.

Претходни добитници се Елизабет Тејлор, Роберт Редфорд, Кирк Даглас, Морган Фримен, Клинт Иствуд и други.

Исто така и поранешниот американски претседател и актер Роналд Реган, два пати бил претседател на Screen Actors Guilda.

Претходно «
Следно »