РОБЕРТ ПОПОВСКИ ОКОМ, ГЕРО СКОКОМ: Владини нарачки за пропагандна релативизација на договорот со Бугарија!

  • July 19, 2017

Никој не бил заинтересиран за нашиот идентите, Бугарите се интересирале само за пари – ова е последната измислица на министерот за пропаганда, која Бранко Геровски и Зоран Бојаровски со радост и ниту малку двоумење ја пропагираат помеѓу своите, анационални нео-либерали и соросоиди

Жестоката критика и негодувањето на пошироката јавност, по најавите за потпишување на договор со Бугарија, со кој Зоран Заев практично го прифаќа негирањето на историјата на Македонија по бугарски рецепт, предизвика владата и новото министерство со иновативни методи да ја лажат нацијата, пропагирајќи став дека „не е важен идентитетот, битно е да има паричка“.

Оваа исклучително опасна теза, по која се води Роберт Поповски, министерот за пропаганда, е дел од стратегијата за релативизирање на се она што не прави нас како народ посебни од другите народи. Воедно, на овој начин нео-либералната соросоидна булумента се обидува да ја уништи лојалноста на народот кон државата, а на тој начин да се премине кон спроведување на останатите „проекти“ со кои би требало да биде променето и името, Уставот, а на крајот и уредувањето на државата. Од унитарна во федерална.

Производството на ваквата теза е очигледно нарачна.

Имено, најнапред Геровски тезата ја објавува во форма на коментар на некоја непозната Бугарка, во која се вели:
“То пък на някого му е потрябвал вашиот идентитет. Българите отдавна се интересуваме само от пари.” – односно дека на ним (Бугарите) не им треба на идентитетот, туку се заинтересирани само за парите.


Неколку часа по објавувањето на овој статус кај вазалот на српскиот криминалец Александар Родиќ, со истиот наратив, секако со статус на ФБ се појави и сега владиниот новинар Зоран Бојаровски, кој го има речиси истиот вордин како и српскиот вазал Геровски.

Со ова, Геровски, Бојаровски, министерот за пропаганда Роберт Поповски, Зоран Заев и нивните покровители всушност и ја откриваат нивната вистинска агенда, која уште еднаш потврдува дека никој од погоренаведените не се интересира за индентитетот, туку само за пари.

Ова пак, ја загрозува и перспективата на земјата во однос на промената на името по грчки рецепт.

Знаејќи го ова, со сигурност, утре кога ќе станува збор за промена на името, овие луѓе повторно ќе ја шират истата нео-либерална соросоидна пропаганда, за тоа дека никој не треба да го интересира идентитетот, туку само парите.

 

 

 

Претходно «
Следно »