РОДНИНИТЕ БАРААТ ОДГОВОР: Зошто Таравари и Јовановска два дена ја криеја смртта на трите бебиња

  • August 24, 2017

Роднините на трите бебиња кои починаа на скопска гинекологија бараат одговорност. Тие обвинуваат дека ГАК нема доволно капацитет и има недостиг на инкубатори.

Според нивната изјава, тие се сомневаат дека трите предвремено родени бебиња воопшто биле ставени во инкубатор.

Газета Експрес, пренесувајќи ја изјавата на роднините  пишува дека во Универзитетската Клиника за Гинекологија во Скопје, како резултат на недостиг на инкубатори, починале три новороденчиња.

Пациентката И.М. била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство поради болки во абдоменот. Истиот ден е породена со царски рез во 27. недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш е извршено породување.

Со семејството во неколку наврати од страна на персоналот на Клиниката било разговарано, со цел да се објасни состојбата на новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување и веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три.

Роднините за Газета Експрес велат дека некој мора да сноси одговорност.

-За овој случај треба бездруго да се алармира,за во иднина да не се повтори со загуба на човечки животи. За време на нашиот дводневен престој таму ние констатиравме дека Клиниката за Гинекологија нема доволно капацитет за третирање на поголем број новороденчиња новороденчиња. Има недостиг на инкубатори и друга опрема. Се надеваме дека Министерството за здравство ќе направи испитување за овој случај, но и за други случаеви, исто и органите за внатрешни работи треба да ги истражат овој случај, а ние како роднини чекаме некој да сноси одговорност за овој случај, затоа што се сомневаме дека не е даден соодветен  и правилен третман, а како резултат не оваа негрижа овие новороденчиња починаа, велат роднините.

Министерот за здравство, Таравари, по оваа огромна трагедија молчеше цели два дена. Молк и од новата директорка на ГАК, Викторија Јовановска, која важи за блиска до семејството Заеви.

Одговорност за трагедијата не преземаат ниту заменик министерот за здравство, кој инаку е гинеколог, д-р Гоце Чакаровски, ниту пак државниот секретар на ресорното министерство, Владимир Милошев, кој пак доаѓа од ОО СДСМ Штип.

Претходно «
Следно »