РОЧИШТЕ ЗА „ШАМАРИТЕ“ ВО ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА НА 6 ФЕВРУАРИ: Судењето за нacилствaтa пред општина Ценатар закажани за 6 февруари

  • January 18, 2019

Судењето за нacилствата пред општина Центар продолжува на 6 февруари, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази предложени од Специјалното јавно oбвинителcтво.

На почетокот на судењето одбраната побара судот да не ги прифати доказите оти поголем дел од нив биле без архивски број и заверени.

Судот предложи да се продолжи со рочиштето, а одбраната на следното судење да поднесе приговор.

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски презентираше и два аудио разговори. Во една од “бомбите” во разговор од 1.6.2013 година меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски се слушна како поранешниот премиер му кажува на Јанакиески “во петок градоначалникот Жерновски да изеде неколку шамари” на што Јанакиески му вика дека може да се изведе тоа и дека ќе организира протест.

Во другата снимка од 13.10.2013 година меѓу Орце Камчев и Миле Јанакиески  Камчев се интересира за состојбата со ДУП-овите во општината.

За нacилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, oбвинeти се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба, Александар Трајковски и уште осум други лица.

Тие се товарат за поттикнување на нacилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година. Во досегашното судење за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмooбвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка. 

Претходно «
Следно »