August 3, 2020, 12:18 pm

Русите му овозможија на Путин да остане на власт до 2036 година

Поврзано

Русија наскоро започнува со масовно вакцинирање против ковид-19

Русија се подготвува да започне со масовна вакцинација против Ковид-19 во октомври, објави министерот за здравство Михаил Мурашко. Лекарите,...

Путин потпиша закон за измени во изборниот процес

Претседателот Владимир Путин потпиша предлог-закон со кој се менува руското изборно законодавство, вклучително и опција за одржување на гласање...

Русија се подготвува прва во светот да одобри вaкцинa за кoрoнaвиpyc

Русија планира да биде првата земја во светот која ќе одобри вакцина за коронавирусот за помалку од две недели. Руски...
- Advertisement -

Мнозинството руски граѓани гласаа за измени на Уставот што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Сепак, еднонеделниот референдум, кој заврши вчера, беше обележан со бројни извештаи за притисок врз гласачите и други неправилности.

Со затворањето на повеќето избирачки места во државата, 72 проценти гласале за уставните измени, според Централната изборна комисија.

За прв пат во Русија гласањето траело една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на гласачките места како резултат на пандемијата на коронавирусот.

До затворањето на анкетите во Москва и повеќето други делови од Западна Русија, вкупниот одзив бил 65 проценти, според официјалните претставници на реферндумот. Во некои региони, гласале дури 90 проценти од гласачите.

На најисточната точка на Русија на полуостровот Чукотка, кој е девет часа пред Москва, официјалните лица брзо објавија целосни прелиминарни резултати кои покажуваат дека 80 проценти од гласачите ги поддржуваат амандманите, а во другите делови на Далечниот исток се изјасниле дека повеќе од 70 проценти ги поддржале измените на Уставот.

Рускиот претседател Владимир Путин гласаше во Москва на гласачкото место во Руската академија на науките.

Неговото лице беше откриено, за разлика од повеќето други гласачи на кои на влезот им беа понудени бесплатни маски.

Кремљ смета дека амандманите се неопходни за стабилноста и безбедноста на земјата, додека критичарите на Путин ги сметаат измените како потег за да се обезбеди да остане на власт долго време.

Путин вчера ги повика граѓаните да гласаат за амандманите и истакна дека секој глас е важен.

-Ние не гласаме само за амандманите. Ние гласаме за земјата во која сакаме да живееме, за земјата која сакаме да им ја оставиме на нашите деца и внуци, рече Путин.

Latest News

Kpивични пpиjaви за зaбaвитe на Градиште

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува „Слободен печат“. Полициските...

Се бpишe се македонско, во Скопје иcчeзнa биста на Гоце Делчев

Очевидци на социјалните мрежи информираат дека деновиве пред студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје исчезнала биста на Гоце Делчев. Официјално споменикот на револуционерот никој не...

(Видео)Светот го губи најголемото природно богатство.За еден ден 1000 нови пожари во Амазонската прашума

И покрај воведените мерки, бројот на пожари во Амазон продолжува да расте. Во девет бразилски држави кои граничат со Амазон, бројот на пожари се зголеми...

Дониpaj и спacи живот: Досега обeзбeдeни 61 единица конвалecцентна плaзмa за пaциeнти со Koвид-19

Во Македонија се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со корона вирус. Крвна плазма може да донира секое лице кое има оздравено...

Џафери излезе од болница

Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран, денеска замина од Клиниката за инфективни болести. Се чувствувам добро и мислам дека веќе е...

More Articles Like This