August 10, 2020, 9:01 am

РУСИТЕ ПОБРЗАА, BAKЦИНАЦИЈА ПРОТИВ KOPOHA ВЕЌЕ НАЕСЕН

Поврзано

Во Индија од Koвид-19 пoчинaлe 196 лeкapи, регистрирани 64.000 нoвoзaбoлeни

Индиското лекарско здружение соопшти дека од Ковид-19 до сега починале 196 лекари, а во отвореното писмо до премиерот Нарендра...

Нов тест покажува кои маски се најефикасни

Група истражувачи од Универзитетот „Дјук“ создале едноставна техника за анализирање на ефективноста на повеќе видови маски за лице, кои...

Bakцината пpoтив Koвид-19 нема да биде целосно ефикасна, смета главниот американски eпидeмиoлог

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оценува дека вакцината против вирусот корона нема да биде целосно ефикасна. На онлајн семинарот на...
- Advertisement -

Русија наскоро ќе започне со голема акција на масовна вакцинација против коронавирус, а министерот за здравство, Михаил Мурашко, најавува употреба на вакцината во октомври, откако ќе заврши регистрацијата во август.

Рускиот министер за здравство објави дека земјата планира масовна кампања за вакцинирање за октомври, но едвај по клиничките испитувања врз наставниците и лекарите, кои се во прв ред.

Државната институција за истражување во Москва, Институтот Гамалеја, ги заврши клиничките испитувања на вакцината и веќе работи на нејзина регистрација, која е планирана за август.

Аналитичари: Руската вакцина пристигнува „прерано“

Министерот за здравство, Михаил Мурашко, истакна: „Планираме масовна вакцинација за октомври“.

Тој претходно го објави својот план прво да ги вакцинира наставниците и лекарите.

„Првата потенцијална вакцина против коронавирус во Русија треба да биде одобрена во август“, изјавиле анонимни извори за Ројтерс.

Сепак, некои експерти изразија загриженост дека Русија пребрзо се движи кога станува збор за развој на вакцини, без оглед дали е безбедна, само за да има највисока репутација во светот.

Фаучи: САД нема да ја користат руската вакцина

Експертот за заразни болести на САД, Ентони Фаучи вчера изјави дека е малку веројатно дека САД ќе користат вакцина што ја развиле Русија или Кина заради различни регулаторни системи.

Тој на сослушувањето во Конгрес посочи: „Се надевам дека Кинезите и Русите ќе ја тестираат вакцината пред да започнат да ја вбризгуваат во луѓето. Тврдењата дека имате вакцина подготвена за дистрибуција пред да направите тестирање се доста проблематични“.

Светските медиуми исто така објавија дека Русија учествувала во хакирање на лаборатории за истражување на коронавирус во САД и Велика Британија во мај оваа година.

Како и да е, Американската агенција за компјутерска безбедност и инфраструктура, како и британскиот Национален центар за компјутерска безбедност, не именувале ниту една земја, но „Скај њуз“ тврди дека се виновни Кина, Русија и Иран.

Амбасадорот на Русија во Велика Британија, Андреј Келин, за Би-Би-Си ги отфрли овие обвинувања.

Земјата што ја развива вакцината прво ќе биде највлијателна

Сите се согласуваат дека првата земја што ја развила вакцината несомнено ќе постигне огромно дипломатско и геополитичко влијание.

Земји низ целиот свет се натпреваруваат да создадат вакцина. Најмалку четири од 20-те се во завршна фаза на три испитувања врз луѓе, според Светската здравствена организација, вклучувајќи три во Кина и уште едно во Велика Британија.

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози на вакцината што ја разви Универзитетот во Оксфорд.

Latest News

Адеми излегyвa од изолациja, се чека планот на МОН за yчeбната година

Министерот за образование и наука Арбр Адеми на својот фејсбук-профил објави дека е негативен на коронавирусот и дека од...

Со пoкaчyвaњe на cтpyјaтa Заеви се богатат, а граѓаните ocиpoмaшyвaaт – Гpaбeжoт мора да зaпpe

Граѓаните се против покачувањето на цената на струјата. Тоа е огромен удар врз нивниот џеб и домашен буџет, во услови на пандемија, кога голем...

Paботодавачите бapаат итнo фopмирање влада

Продолжуваат разговорите меѓу политичките партии за формирање ново парламентарно мнозинство и понатаму без официјална потврда за евентуален договор. Тоа треба да биде направено најдоцна...

Во Индија од Koвид-19 пoчинaлe 196 лeкapи, регистрирани 64.000 нoвoзaбoлeни

Индиското лекарско здружение соопшти дека од Ковид-19 до сега починале 196 лекари, а во отвореното писмо до премиерот Нарендра Моди, побараа соодветна нега за...

Денес не очекува coнчeвo време, попладне пopoeн дoжд и гpмeжи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава...

More Articles Like This