Русите yдpиja по Бугapија во одбpaна на Maкедонците

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, застана во одбрана на руската амбасада во Скопје, која на 18 април објави на Твитер дека на тој ден пред 80 години Бугарија ја нападна Македонија, истовремено оддавајќи почит со зборовите „вечна слава на Русите, Македонците и другите храбри војници кои се бореа против нацистичката чума!“.

„Твитот за кој зборувате, а го објави нашата амбасада во Скопје, наведува чисти факти. Затоа, тешко е соодветно да се даде каква било емоционална проценка. Уште еднаш: има само факти.

Би сакала да го свртам Вашето внимание на фактот дека нашите амбасади објавуваат доволно твитови за учеството на Бугарија во последната фаза од Втората светска војна на страната на Црвената армија. На социјалните мрежи често потсетуваме и за учеството на бугарскиот генерал В. Стојчев во Парадата на победата во 1945 година на Црвениот плоштад. За разлика од сегашните бугарски власти“, одговори Захарова на прашање на брифингот во МНР на Русија за објавата на Твитер на руската амбасада во Македонија, која ги возбуди духовите во Бугарија и предизика лавина од жестоки антируски реакции.