РУСИЈА ГИ БРОИ МИЛИЈАРДИТЕ: За време на две години колку што важеше договорот „ОПЕК +, Русија инкасирала 120 милијарди долари приход!

  • December 27, 2018

Русија заработи речиси 120 милијарди долари дополнителен приход благодарејќи на договорот за намалување на производство на нафта, пренесува Б92.

-За време на две години колку што важеше договорот „ОПЕК +“, Русија оствари најмалку 120 милијарди долари дополнителен приход, покажуваат процентите, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак во интервју за весникот „Комерсант“.

Тој наведе дека ниските цени на нафтата создаваат дополнителни проблеми за државниот буџет и целокупната економија и оти нивното нагло опаѓање може да влијае на националната валута и стапката на инфлација.

– Од таа причина важна е проценката на ефектите од соработката со државите од ОПЕК во однос на економијата на нашата земја, додаде Новак.

Претходно «
Следно »