РУСИЈА ГИ ДЕМОЛИРАЛА ТЕРОРИСТИТЕ: Речиси 30.000 елиминирани терористи во Сирија е резултатот од едногодишната кампања!

  • May 25, 2016

Откако Москва започна со воздушната операција во Сирија во Септември минатата година, Руските воздухопловни сили елиминирале повеќе од третина од борците на ИСИС во земјата, тврди заменикот-шефот на Руското безбедносно тело

SU-24-Poletuvanje

„Проценуваме дека на почетокот на нашата операција против Ал Нусра и ИСИС имаа околку 80.000 борци комбинирано од кои 28.000(35%) веќе се елиминирани. Ова е резултатот на нашите активности заедно со Сириската армија“ вели Евгениј Лукјанов на седмиот безбедносен самит кој се одржува во Грозни, главниот град на Чеченија.

„Додатно, коалицијата предводена од САД успеа да елиминира додатни 5.000 терористи за две години“ додава Лукјанов.

„Имаше луѓе кои предвидуваа дека Руската анти-терористичка кампања во Сирија ќе резултира со нов Авганистан или нешто такво. Тоа нема да се случи. Има само ограничени воени планови“, вели Лукјанов потенцирајќи дека Сиријците мораат „да си ги решат останатите проблеми самите“.

Главната задача на Руската операција во Сирија беше да се притиснат страните да започнат со политички дијалог, изјавил Лукјанов.

„Инаку оваа војна немаше да има крај“
„Потребен е договор, и услови кои ќе се договараат преку компромиси“ додал Лукјанов. „Нема победници во цивилна војна, сите губат“.

Војната во Сирија сега е на преодна точка, додава Лукјанов.

„Само оние кои се политички мотивирани може да тврдат спротивно“.

 

 

Претходно «
Следно »