November 28, 2021, 9:58 am

Русија до Косово: Ниту државата ви ја признаваме, ниту одлуките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската амбасада во Србија соопшти дека не ја признава одлуката на косовската влада да прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата.

„Веруваме дека овој чекор на Приштина е провокација“, посочуваат во амбасадата.
„Не ја признаваме независноста на Косово, а со тоа ниту владата на покраината и другите структури. За нас ниту една одлука на Приштина нема правна сила. Врз основа на резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН, ние соработуваме со УНМИК за ова прашање“, соопшти прес-службата на руската амбасада.

Амбасадата посочува дека обидите да се спречат дипломатите акредитирани во УНМИК да ги вршат своите активности во согласност со меѓународното право се апсолутно неприфатливи.
Претходно денеска, претседателката на привремените институции во Приштина, Вјоса Османи, изјави дека двајца функционери на косовското претставништво на Амбасадата на Руската Федерација во Србија се прогласени за персона нон грата бидејќи, како што тврди таа, со нивните штетни активности ги загрозиле националните безбедноста и уставниот поредок на Косово.

Latest News

ДЕБАР ГО СЛАВИ АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Градоначалникот го поставил низ цел град

Денеска е ден на албанското знаме, па градоначалникот на Дебар Хекуран Дука го честиташе на фејсбук. Поради празнувањето во Дебар...

More Articles Like This