РУСИЈА Е СЕРИОЗНА ВО ВРСКА СО СИРИЈА: Ратификуван договорот за неограничено распоредување на воздушни сили во Сирија!

  • October 7, 2016

Државната дума на Русија го ратификуваше договорот помеѓу Русија и Сирија за неограничено распоредување на руска авијација на територија на оваа блискоисточна земја

avioni_rusija

Договорот е помеѓу Русија и Сирија е потпишан во Дамаск на 26-ти Август 2015 година. За неговата ратификација гласаа 446 руски пратеници

Руската авијација е разместена на територија на Сирија на молба на сириската страна и е базирана на аеродромот во Хмејмим во провинцијата Латакија. Аеродром со инфраструктура и неопходна територија според договорот на двете страни, е предаден на располагање на Русија.
„Ангажирањето на руските авиациони групи се остварува во склад со одлуката на нејзиниот командант според усогласените планови“, се наведува во докуменотот.

Составот на руската авијаца го одредува руската страна според договорот со сириската страна.

Персоналот на руската авијација без препреки ја преминува границата на Сирија и не подлежи на преглед на пограничните и царински органи на Сирија. Соопштено е исто така дека војниците на руските авиациони групи и членовите на нивните семејства имаат имунитет и привилегии кои се предвидени за дипломатскиот персонал во склад со Виенската конвенција за дипломатски односи од 18-ти април 1961 година.

Реализацијата на договот не предизвикува никакви додатни издвојувања од федералниот буџет на Руската Федерација!

Претходно «
Следно »