Русија испрати дополнителни 188 вojници во Ерменија

Поврзано

Директорот на ФБИ на pacпит поради yпадот во Конгресот

Директорот на Федералното биро за истраги, Кристофер Реј, денеска е на распит пред сенатскиот Одбор за правосудство, темата се...

Ќе биде ли Македонија една од нив?: Ковакс-системот до крајот на мај ќе испорача околу 237 милиони вакцини во 142 земји

Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека се очекува преку програмата КОВАКС до...

(Фото) Сателит откри тајни скалдишта на нykлеарно opyжје во Северна Кореја

Новата сателитска снимка објавена од американските медиуми наводно открива дека Северна Кореја презела мерки за да сокрие објект за...
- Advertisement -

Русија распореди уште 188 војници во Ерменија со цел да ги засили своите погранични стражи во оваа земја.

Распордувањето е направено на барање на официјален Ереван, а со цел да се зачува мирот во регионот Нагорно Карабах, му реферираше денеска шефот на Федералната служба за безбедност Александар  Бортников на рускиот претседател Владимир Путин преку видео конференциска врска, пренесоа британските медиуми.

Руските граничари се во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз, согласно договорот меѓу двете земји од 1992 година.

Русија во последните две недели во регионот на Нагорно-Карабах распореди речиси 2.000 мировници, откако на 10 ноември беше постигнат мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, за кој гарант беше токму Русија, а со кој завршија шестнеделните борби меѓу азербејџанските и ерменските сили.

Извор:МИА

Latest News

Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Hашата држава треба да почне од почеток да го гради системот. И мислам на градење на луѓе. Ќе ни...

More Articles Like This