May 14, 2021, 1:01 am

Русија и Пакистан потпишаа договор за испорака на системи за пpoтиввоздушна одбрана и opyжје

Поврзано

- Advertisement -

Русија и Пакистан потпишаа договор за испорака на антитенковски комплекси, опрема за противвоздушна одбрана и мало оружје, изјави началникот на Генералштабот на пакистанската армија, генерал Камар Џавед Баџва.

„Преговараме за набавка на одредено оружје. Ние сме во процес на набавка на некои противтенковски комплекси, опрема за противвоздушна одбрана и мало оружје од Русија. Договорот е веќе потпишан“, рече Бајва на маргините на меѓународните воени вежби АМАН-2021, кои се одржуваат во Пакистан.

Генералот истакна дека Русија е „добар пријател на Пакистан“ со кој Исламабад, како партнер од СЦО, сака да ги развива односите, не само во воената сфера, туку и во други области.

Началникот на Генералштабот потсети дека во последните години Пакистан купи борбени хеликоптери Ми-35 од Русија.

Руската служба за воена техничка соработка не ги коментираше овие информации.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This