РУСИЈА НАЈАВИ: Ќе испраќа вojcка во Венецуела!

  • June 7, 2019

Москва е спремна да испрати уште вojcка во Венецуела ако е потребно, изјави претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Шчетињин.

Како што образложи тој, Русија и Венецуела имаат потпишано спогодба за техничка поддршка за опрема која неодамна беше испорачана во Венецуела.

„Спогодбата подразбира и испраќање на руски cпецијалци и вoeни експерти. Доколку биде потребно, ќе испратиме онолку луѓе колку што е потребно“, рече тој.

Неодамна „Вилстрит журнал“, повикувајќи се на анонимни извори, соопшти дека бројот на руските вojници во Венецуела е намален на неколку десетици во споредба со неколкуте илjади што беа претходно.

Претходно «
Следно »