Русија одговори на caнkциите: Пoништeн Меморандумот за „Отворено копно“ со Америка

Поврзано

- Advertisement -

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, потпиша наредба за поништување на меморандумот „Oтворено копно“ меѓу Русија и САД ,а документот беше објавен на официјалната веб-страница за правни информации.

„Да се усвои налогот на Министерството за надворешни работи на Русија, кој беше договорен со сојузните извршни тела, за укинување на примената на Меморандумот за разбирање меѓу руската влада и американската влада на отворено копни“, потпишан во Вашингтон на 17 јуни 1992 година“, се наведува во документот.
Посочено е дека на Министерството за надворешни работи на Русија му било наредено да ја извести американската страна за одлуката.

Меморандумот беше потпишан во Вашингтон на 17 јуни 1992 година. Го укина концептот на „затворени области“ и ги укина ограничувањата за движење на дипломатите – тие можеа слободно да ја посетат поголемиот дел од територијата на земјата. Ова важеше само за области за кои не беа потребни посебни дозволи за влез.

Да потсетиме, на 15 април Соединетите држави објавија нов пакет санкции против Русија, кој вклучува протерување на 10 руски дипломати од амбасадата во Вашингтон. На 23 април, Москва реципрочно одговори на протерувањето на дипломатите, а исто така најави и поништување на договорот за „отворено копно“, со кој се регулира патувањето на руски и американски дипломати низ територијата на двете земји.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин неодамна го потпиша законот за поништување на Договорот за отворено небо, кој исто така беше потпишан во 1992 година. САД се повлекоа од договорот во ноември минатата година.

Latest News

„Баба Ванѓа точно ми го претскажа сето ова што сум денес, па дури и кога ќе уmpam… ако ве интересира, во 86-тата година:Саша Поповиќ...

Поранешниот директор и сопственик на „Гранд“, Саша Поповиќ ужива во пензионерските денови откако го продаде својот дел од најголемата...

More Articles Like This