October 18, 2021, 5:02 pm

Русија пpeдупредува: Америка развива системи за тајни напади од вселената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јан Новиков, генералниот директор на концернот „Алмаз-Антеј“, смета дека САД развиваат технологии за изработка на воени орбитални системи кои се способни тајно да нападнат од вселената, пренесува „Красна звезда“.
Новиков посочува дека САД модернизираат и развиваат цела палета уреди што треба да им овозможат да извршат брзи и прецизни напади врз сите видови цели во кој било дел од светот.
„Ако зборуваме за воздушни вселенски уреди, тогаш тие се првенствено орбитални беспилотни летала Х-37“, рече генералниот директор.
Според него, првиот таков авион бил лансиран во 2010 година, а веќе има неколку од нив. Официјално е објавено дека овие уреди имаат научно-истражувачки цели.

„Но, знаеме дека тие можат да имаат функција да носат нуклеарни боеви глави. САД планираат во иднина да го зголемат бројот на такви уреди во вселената. Тоа е сериозен предизвик“, додаде Новиков.
Врз основа на експериментите со овие беспилотни летала, според Новиков, се развиваат технологии за правење ударни воздушни системи за повеќекратна употреба. Овие системи треба да обезбедат оперативни перформанси и широк опсег на способности со намалени оперативни трошоци.

Latest News

Собранието со нов состав, ова се новите пратеници

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот пратеник во Собранието на Република Македонија, откако досегашниот пратеник Дарко Костовски успеа...

More Articles Like This