РУСИЈА РАЗВИВА ТЕНК НА ТРКАЛА: „Бумеранг“ ќе добие и тенковски топ!

  • March 4, 2018

Во најскоро време ќе биде развиен тенк на платформа со тркала „Бумеранг“, изјави генералниот директор на руската Воено-индустриска компанија Александар Красовицки

„Во план ни е да направиме тенк на тркала“, рекол Красовицки на телевизијата Ѕвезда.

Красовицки истакнува дека тоа „во принцип ќе биде практично исто возило на платформата ‘Бумеранг’“.

„Наскоро ќе можеме да разговараме подетално за ова“, додава тој.

Красовицки претходни изјави дека нема директни конкуренти за најновиот руски оклопен транспоретер „Бумеранг“, кој го разви истиот воено-индустрикси комплекс, а кој по прв пат е демонстриран на парадата во Москва на 9.мај 2015. година, и дека истиот претставува продор во инжинерското размислување.

Перспективните пешадиски борбени возила на плафтормата „Бумеранг“ се претставени минатата година на воената парада на Црвениот плоштад во чест на 72. годишнината од победата во Втората светска војна.

Претходно «
Следно »