January 24, 2021, 3:21 am

Русија се подготвува прва во светот да одобри вaкцинa за кoрoнaвиpyc

Поврзано

Германска 6oлницa пoд кapaнтин: Peгиcтpиpaни 20 cлyчaи нa бpитанскиот тип нa кopoнaвиpyc

Германските здравствени власти ставија под карантин цела болница во Берлин откако 20 пациенти и членови на персоналот се утврди...

Фајзер се oбвpзa: 40 милиoни вakцини зa cиpoмaшнитe

Американската компанија „Фајзер“ се обврза да испорача 40 милиони дози вакцини против „Ковид-19“ оваа година, во согласност со напорите...

Британскиот вид нa кopoнaвиpyc e пoзapaзeн и пocmpтoнoceн?

Новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија, покрај тоа што побрзо се пренесува, може да биде...
- Advertisement -

Русија планира да биде првата земја во светот која ќе одобри вакцина за коронавирусот за помалку од две недели.

Руски официјални лица за Си-Ен-Ен изјавиле дека работат на тоа вакцината која ја развива московскиот институт, да биде одобрена до 10 август или порано.

Вакцината ќе биде одобрена за јавна употреба, а први ќе ја примат здравствените работници.

-Русија, меѓутоа, не објавува никакви научни податоци за своето тестирање на вакцината и Си-Ен-Ен не е во можност да ги потврди овие тврдења за сигурноста и ефикасноста, јавува телевизијата.

Критичарите наведуваат дека постои притисок да се развие вакцина со политичко влијание на Кремљ кој сака да ја претстави Русија како глобална научна сила. Исто така постои голема загриженост дека тестирањето на луѓе не е во целост спроведено.

Додека некои глобални вакцини се во третата фаза на испитување, руската треба да ја заврши втората фаза. Истражувачите планирааѕ оваа фаза да ја завршат до 3 август, а потоа да ја спроведат третата фаза паралелно со вакцинирањето на медицинските работници.

Руските научници велат дека вакцината е брзо развиена бидејќи е модифицирана верзија на онаа која веќе постои за други болести. Ваков приспат кон вакцината постои и во други земји.

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This