РУСИЈА СО НОВ ИЗВЕШТАЈ: Употребени повеќе од 100 ракети врз објектите во Сирија

  • April 14, 2018

Врз воените објекти и цивилната инфраструктура во Сирија лансирани се повеќе од 100 крстаречки и ракети ,,воздух-земја“, сопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што се наведува, ракетите се лансирани од американските бродови кои се позиционирни во Црвеното море, потоа воздушните напади ги извршила и тактичката авијација која е лоцирана на Средоземното море, а бомбите се фрлани од бомбардерите  B-1B кои летнале од регионот Танфа, акде што е лоцирана американската база во Сирија.

Рускиот воен ресор истакнува дека сириската ПВО била во приправност така што срушила голем број ракети. Сириската воска ги користела ПВО системи S-125, S-200, „Бук“ и „Квадрат“ кои се произведени пред повеќе од 30 години во Советскиот Сојуз.

Од друга страна, од француското Министерство за одбрана соопштуваат дека сите авиони од Франција полетале од територијата на Франција.

Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Ив Ле Дријан истакнува дека главна цел на нападот бил центарот за истражување на хемиското вооружување на Сирија.

Претходно «
Следно »