РУСИЈА ЈА КАНИ МАКЕДОНИЈА НА ГОСТИ: Руската ракометна федерација ја кани Македонската репрезентација на подготовки во Моска!

  • October 6, 2016
  • Коментари

Нашата машка ракометна селекција во јануари ќе учествува на Светското првенство во Франција, а како дел од подготовките ќе замине и во Москва. Според одредени имформации, богатата есен и зима ќе биде надополнета со два контролни натпревари против Русија.
rakomet-39
Ваква покана стигнала на адреса на Лино Червар, а е упатена од трикратниот олимписки победник, Андреј Лавров, легендарниот голман кој во моментов е потпретседател на руската ракометна федерација.

На селекторот на Македонија, Лино Червар, му се допаѓа оваа можност, на можноста идејата да биде реализирана првенствено ќе треба да разговара со челниците на македонската федерација.

Претходно «
Следно »