December 4, 2020, 12:04 pm

Русија ја пoднece cвojaтa вakцинa вo СЗО зa зaбpзaнa peгиcтpaциja

Поврзано

„Спутник V “пристигна во Србија: Русија достави 20 дози од вакцината против корона

Руската вакцина веќе пристигна во Србија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ синоќа во интервју за РТС. Пристигнаа 20 дози...

Бајден: Ќе се Bakцинирам јавно кога Фаучи ќе каже дека е сигурно

– Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го повикал главниот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува...

Таравари позитивен: Без анти-koвид мepkи сме opужје еден на друг

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој веста ја сподели на фејсбук за, како...
- Advertisement -

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус „Спутник V“, објавија руските власти.

На прашањето на АФП, од СЗО велат дека поднесоците за „претходна селекција или регистрација во итни постапки“ се доверливи.

Русија е една од првите земји во светот што побара од СЗО да ја претквалификува својата вакцина против новиот коронавирус, соопштија руските власти.

„Во контекст на пандемија, забрзаното регистрирање на вакцината според процедурата (СЗО) ќе ја направи руската вакцина достапна за сите побрзо отколку со конвенционалните процедури“, се додава во соопштението. СЗО истакнува дека „ако се смета дека производот доставен на проценка е во согласност со критериумите за вклучување во списокот, СЗО ќе го објави“.

„Успешната претходна селекција ќе овозможи вакцината „Спутник V“ да се вклучи во списокот на лекови што земјите ги користат за набавка на големо“, соопшти СЗО. Но, досега, забележува СЗО, „некои вакцини за Ковид-19 не се преквалификувани, ниту пак е објавен список за итни случаи“.

Русија на почетокот на август рече дека е прва што развила и регистрирала вакцина против болеста Ковид-19.Вакцината е изработена од московскиот истражувачки центар „Гамалеја“, при Министерството за одбрана. Во Русија, регистрацијата кај властите претходи на последната фаза на клинички испитувања.

Вакцината, наречена „Спутник V“ според првиот вештачки сателит во историјата изграден од Советскиот Сојуз, беше примена со скептицизам, особено затоа што во времето на нејзиното постоење, сè уште не ја поминала последната фаза на клинички испитувања. Сепак, голем дел од руската политичка елита изјави дека биле вакцинирани, а Владимир Путин го наведе примерот на една од неговите ќерки.Владата се надева дека ќе ја дистрибуира вакцината масовно во земјата во следните месеци.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ја регистрирала својата втора вакцина против коронавирус.Во последните неколку недели во Русија се забележува големо ширење на епидемијата. Земјата е рангирана на четвртото место во светот според бројот на случаи, со вкупно 1.547.774 заболени лица и 26.589 смртни случаи.

Latest News

И Црна Гора тоне во проблеми од Ковид-19 кризата

Во Црна Гора, од март до ноември, имало зголемување на невработеноста од 11.000 лица или 31,6 проценти, рече помошникот...

Ердоган: Убиството на иранскиот научник е насочено против мирот во регионот

Убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризадех е насочено против мирот во регионот, но оние кои имаат таква цел нема да успеат,...

Британcкa функционepка мacoвно “тpoлана” и кpитикyвaнa зa договop со Maкедонија

Британската државна секретарка за меѓународна трговија Елизабер Трус стана мета на огромен број критики и шеги од нејзините сограѓани поради објавата на потпишан договор...

Денec e гoлем пpaзник: Boвeдeниe нa Пpecвeта Богopoдица

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан...

Aмepиканската apмиja извршила paција во седиштето на ЦИА во Фpaнкфурт за манипулација со избopите

Томас Мекинерни, пензиониран американски генерал со три sвезди, вели дека американските специјалци извршиле рација во објект на ЦИА во Франкфурт на Мајна. Тие имаат...

More Articles Like This